fbpx

Соопштенија

Понудата на СДСМ за локалните избори: Братучедот на Оливер Спасовски кандидат за Куманово од СДСМ, во Битола кандидатот за градоначалник бизнис партнер на Вице Заев

Почитувани,

Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот на Оливер Спасовски во Куманово Оливер Илиевски стана кандидат за градоначалник. Додека султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски зашто кажа дека СДС е киднапирана партија.

Во Битола кандидат за градоначалник е Христо Кондовски Стентоно кој е кандидат затоа што е бизнис партнер со Вице Заев.

Ако Струмица е на Вицевци, Кондовски од Битола ќе прави Стентонград.

Дополнително за Ѓорче Петров СДС го кандидира стариот, истрошен и корумпиран градоначалник Александар Наумовски кој ќе остане запаметен по набавката на машина за перење вредна неверојатни 50 илјади евра.

Понудата на СДСМ на овие избори е криминал и неспособност.

Оваа понуда е од лошо полошо, односно покрај дното СДСМ покажа дека постои дупло дно.
 

Последни новости