fbpx

Соопштенија

Царовска и Заев со излитен предизборен маркетинг нема да ги спасат нивните неспособни градоначалници

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Образовниот систем доживеа невиден колапс со Царовска и Заев.

Откако граѓаните ја прочитаа Царовска, таа сега два месеци пред избори започнува евтин ПР и полнење на училиштата со партиски кадри.

Царовска и Заев со излитен предизборен маркетинг нема да ги спасат нивните неспособни градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека како и бројни други активности на Мила Царовска од претходно и ова сега не претставува ништо друго освен обичен, излитен предизборен маркетинг и насилно спроведување на одредени цели без визија за нивна успешност.

На 26 јули, во екот на годишните одмори, излегоа огласи за вработување на наставен кадар во училиштата во општина Гевгелија, оглас кој трае цели два дена.

Имено, во средното училиште „Јосиф Јосифовски" се вработуваат 6 наставници, во основните училишта „Климент Охридски" од Миравци дури 18 наставници, во „Крсте Мисирков" 14 наставници, „Владо Кантарџиев"  7 наставници, „Ристо Шуклев" од Негорци 14 наставници и во „Васо Карајанов" - 2 наставници.

Во Свети Николе има распишано вкупно 21 оглас за вработување во училиштата.

Во општина Охрид се распишани огласи за 13 наставници во училиштата.

И во општина Аеродром има објавено огласи за вработувања во училиштата.

Ова се само дел од многуте општини каде што се распишани огласи за вработување наставници во училиштата и тоа само на два месеци пред локалните избори.

Градоначалниците од власта соочени со пораз на изборите предизборно вработуваат мислејќи дека ќе го уценат народот за да гласа за нив.

 

Последни новости