fbpx

Соопштенија

Мицкоски оствари средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, денес со секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.

На средбата се разговараше за актуелните случувања и предизвици важни за државата.

Како акутен проблем од страна на Мицкоски беше посочен високиот степен на корупција и криминал присутна во највисоките структури на власта.

Мицкоски ја посочи и злоупотребата на европското знаменце како што е законот со кој се дозволува извоз на цвет од марихуана каде се штити директно бизнис интереси на врвот на власта.

Тој за спорот со источниот сосед ја истакна потребата за прифаќање на резолуцијата која е во собраниска процедура и која ги содржи црвените линии во насока на заштита на идентитетот, јазикот и историјата.

Мицкоски ја истакна потребата за реформи во повеќе области, како и проблемите поврзани со економијата, како што е невработеноста, растечката сиромаштија и рушење на стандардот.

Соговорниците ја потврдија заложбата за развивање на соработката и посветеноста кон реализација на стратешките интереси.

Последни новости