fbpx

Соопштенија

Арсовски: Најмалку 7 луѓе треба кривично да одговараат за рекетот и фалсификувањето изјави во МВР и ЈО

Во 2018 и 2019 отворивме тема на која лично имам зборувано многу пати, за улогата на семејството Заеви, конкретно Вице Заев, СВ Инвест, Стојан Чифлигароски, Васко Ковачевски и многу други, во криминалот во РЕК Битола и перењето на милиони евра.

Денеска сме сведоци на криминал до гуша на фамилијата Заеви, каде што 2 случаеви се клучни кои денес беа објавени.

Најпрвин во пријавата во МВР, се гледа дека Вице Заев преку своите битолско-струмички паљури барал рекет од 250.000€ и потоа ја избркал фирмата која не му била по желба од РЕК Битола на сила и ѝ нанел штета од 500.000€. Класичен рекет за во затвор, каде што 5-6 луѓе треба одма да одат во затвор, на чело до Вице.

Второто криминално дело е менувањето и фалсификувањето на изјавата на оштетените, каде што некој се обидел да ја скрие пријавата за Вице, кој што барал 250.000€.

Значи да сумираме, за овие 2 дела, следниве луѓе треба да излезат пред лицето на правдата и тоа веднаш:

-Вице Заев

-Васко Ковачевски

-Стојан Чифлигароски

-Лазе Велковски

-Оливер Спасовски

-Вилма Русковска

-Љубомир Јовевски

П.С. Ме прашуваа денес одредени новинари, дали името СВ Инвест значело -

Стојан; Вице Инвест, па еве јавно да упатам прашање, дали СВ е иницијали на овие двајца луѓе?

П.С.С Вице се жали и плаче дека Мицкоски му се заканувал и дека ќе одговарал. Погрешно разбрал, не е закана, вистина е.

Ќе одговараш!

 

https://www.facebook.com/1263640805/posts/10225922561431682/?d=n

 

Последни новости