fbpx

Соопштенија

СДСМ од прогресивна партија, стана мафијашка структура и извор на криминал

Соопштение до јавноста, реакција на говорот на Зоран Заев

Блед говор, ништо ново, историски одлуки за историски неуспеси. СДСМ од прогресивна партија стана мафијашка структура и извор на криминал.  
Сочувствуваме со членовите на СДСМ и ги охрабруваме да си ја вратат партијата назад од мафијата која им ја киднапирала.

Заев велеше ЕУ ќе биде нашиот најдобар пријател, а денес на Заев најдобар пријател му е Седат Пекер, Шкаљарскиот клан и мафијашки босови ширум светот.

Заев донесе хибриден режим и сиромаштија. Никој не живее подобро, само екипата околу него што краде и мести тендери.

6.000 луѓе ги изгубија животите поради Заев. Додека сите во светот трчаа по вакцини, Заев со Филипче трчаше по провизии.

Зоран Заев е истата криминална матрица од криминалната транзиција, а СДСМ се распаѓа поради криминал.

После 5 години, нема ниту еден проект со кој може да се пофали. Има само порази.

Парите наместо кај граѓаните отидоа кај Рашковски и Вице.

Македонија е изолирана, наместо членка на ЕУ, Заев ја направи пријател со Буркина Фасо, Лесото и Гана на  листите по криминал и сиромаштија.

Државата е задолжена. Јавниот долг е 62%, односно над 6.5 милијарди.

Македонија плантажа за марихуана за Заеви, а народот аргати.

Последни новости