fbpx

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ апелира неспособната власт да не ја злоупотребува катастрофата со заразата за политички поени

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Состојбата со КОВИД-19 поради неспособноста на власта и Комисијата за заразни болести е алармантна.

Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ го повика Филипче законот во кој не се предлага ниту една мерка веднаш да се предложи и да се стави на гласање. Поради селотејп коалицијата на СДСМ во Собранието ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе присуствува на седницата и ќе им обезбеди кворум, за да не бараат виновници во време кога треба да бараат решенија.
ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да се разреши Комисијата за заразни болести, и да се формира специјална државна комисија од стручни експерти кои ќе ја водат борбата против КОВИД-19.
ВМРО-ДПМНЕ апелира да не се злоупотребува катастрофата со заразата која што секојдневно се зголемува.
Време е власта да се освести и да започне делување во насока на здравјето на граѓаните.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Последни новости