fbpx

Прес конференции

Концептот на ВМРО-ДПМНЕ нуди изградба на нов автопат од Велес до Прилеп и забрана за увоз на тутун се додека не се откупи и последниот лист тутун од македонскиот земјоделец

Почитувани,

Деновиве во полн ек е бербата на тутунот, десетици илјади семејства во Македонија, најголемиот дел во пелагонискиот регион и посебно во прилепскиот, целатата своја чесна работа ја вложуваат токму сега со надеж дека ќе обезбедат пристоен живот.

Во исто време почнува и најголемата грижа на овие луѓе, дали ќе успеат да си го наплатат трудот или Владата ќе ги изигра повторно како што тоа го направи за минатата реколта. Бевме сведоци минатата сезона дека тутунарите беа целосно изиграни и ограбени од страна на откупувачите и Владата, кога килограм тутун беше откупуван по цена од една кутија цигари што не овозможуваше да се покријат и основните трошоци за производство.

Токму затоа на самиот почеток на бербата на овогодинешната реколта ја предупредуваме Владата да не се обидува повторно да ги изигра тутунарите . Ја повикуваме уште од сега, навреме, да не дозволи увоз и шверц на тутун пред да се откупи и последниот лист од домашниот, македонскиот тутун.

Дополнително ВМРО-ДПМНЕ се обврзува, доколку Владата не го направи ова, во првиот момент кога ќе има мнозинство за тоа, ќе донесе Закон со кој стриктно ќе се забрани увоз на тутун се додека не биде откупен и последниот лист тутун од македонскиот земјоделец.

Прилеп и прилепчани кои најмногу живеат од тутунот знаат што значи тутунарската мака исто како што знаат дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го вети и ќе го реализира. Власта на СДСМ и Заев ги заборави и Прилеп и цела Пелагонија, камен на камен не стави. Ние тоа ќе го промениме.

Концептот Македонија за сите луѓе е концепт на работа и на посветеност кон решавање на потребите на граѓаните. Освен новиот закон за тутун во овој концепт се нуди и инфраструктуран развој на овој дел од Македонија. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да се изгради ново автопатско решение од Велес преку Бабуна до Прилеп кое потоа ќе продолжува кон  Битола и Меџитлија до границата со Република Грција. Ваквиот автопат нема да значи само бенефит за граѓаните, туку и за целото стопанство во пелагонискиот регион, негова подобра економска и инфраструктурна поврзаност со другите делови од Македонија.

Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени и упропастени години за Македонија. Ниту нешто направија, ниту нешто изградија. И тоа кое што го имаа наследено не беа способни да го довршат или дочуваат.

Народот за ова ќе ги казни. Народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја крене Македонија повторно на нозе и ќе ја поведе кон напредок и подобра иднина.

 

Последни новости