fbpx

Прес конференции

Јакимоски: Центарот на Кичево е претворен во депонија, а наместо зеленило никнуваат бетонски градби

 Интегрален текст од „Коментар на денот“ - Лазо Јакимоски, претседател на ОК Кичево

Почитувани Кичевчани,

Сакаме да ве потсетиме колку и на кој начин ребрендираната ЗЕЛЕНА партија која што има целосна власт врз локалната самоуправа и сите институции и јавни претпријатија во Кичево, заедно со нивниот коалиционен партнер СДСМ имаат реализирано зелени проекти.

За време на нивното владеење направија такви штети на Кичево и околината што речиси е невозможно да се поправат. Ветуваа се и сешто, од дислокација на дивата депонија, редукција на емисии на штетни материи во РЕК Осломеј, мови соодветни филтри за оџаците од РЕК Осломеј, почнување на постапки за идна гасификација, уредување на мини-парк во секоја месна заедница и засадување дрва во истите, јавен транспорт како алтернативна опција на превозните средства, изградба на парк кој би содржел пешачки патеки, детско катче, фонтана, клупи, корпи за отпадоци, уредено зеленило и цвеќе и добро осветлување за вечерните часови и што ли уште не. Но, ветувањата како и секогаш кога  станува збор за нив останаа на „ЌЕ“. 

Наместо дислокација на депонијата, во Кичево секој контејнер претставува депонија сам за себе, а што е најтрагично и сметот кој се собира во депото на Ј.П. Комуналец во близина на центарот на градот е своевидна депонија. Исто така во изминатиов период и јавно алармиравме до институциите кој по кој знае кој пат останаа глуви на нашите апели за тоа дека во соработка со една фирма во сопственост на познати локални моќници од СДСМ сметот се товара и одлага во атарите на неколку македонски села каде што има сеуште прекрасна и недопрена природна убавина.

Наместо редукција на емисии на штетни гасови и нови филтри на оџаците на РЕК Осломеј сведоци сме како во неколку наврати од истите излегува црн чад кој го труе населението во целиот град и сите околни населени места, веројатно како последица на согорувањето на оној добро познат мазут, за кој јавноста во изминатиов период беше запознаена.

Нема ниту изградба на мини паркови во месните заедници и засадување на дрва, напротив и тоа што беше изградено од претходната власт на ВМРО ДПМНЕ тие не се потрудија ни да го одржуваат и го оставија целосно да се руинира, а за дрва да не зборуваме, наместо да засадуваат, тие целосно преку дрвната мафија ги соголеа сите околни шуми во Кичево.

Наместо зеленило и паркови, никнуваат бетонски градби за кој голем дел од нив се без соодветна градежна и урбанистичка документација и се изградени  на узурпирано  државно земјиште.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ за последен пат предупредуваме и апелираме до институциите да се охрабрат и преземат се' што е во нивана надлежност , а не да останат заробени од ЗЕЛЕНИТЕ и СДСМ, затоа што Кичево за жал најчесто е на првото место по загаденост во Република Македонија.

Почитувани, ДУИ и СДСМ секојдневно на дело ја покажауваат својата зелена агенда, којашто на сите вам, а и нам многу добро ни е позната дека не се работи за животната средина туку за нив најважното нешто, а тоа се зелените банкноти во што поголем број.

Затоа им порачуваме дека на престојните избори со сигурност ќе бидат казнети.

Последни новости