fbpx

Прес конференции

СДСМ не исполни ништо од она што вети за Неготино

 Интегрален текст од „Коментар на денот“- Златко Пенков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Изминаа три ипол години од инсталирањето на локалната власт на СДСМ во Неготино. Години кои според нивниот слоган, требаше да донесат живот во Неготино, но за жал, донесоа само вистинска трагедија за огромен број наши сограѓани. Години најавувани како развоен „бум“ во Неготино во кои требаше да биде реализирана програмата ветена од страна на градоначалникот во предизборната кампања во 2017-та година.
Денес, разгледувајќи ја нивната Програма и се она што беше најавувано како развојни проекти од нивна страна, „голата вистина“ е дека сме добиле само лажни ветувања кои се уште се далеку од било каква реализација.

Беа ветени катни гаражи за регулиран сообраќај, минимум две нови паркинг - простори или друг вид катни решенија, но од тоа добивме само неколку столбчиња покрај тротоарот во центарот на градот.  Се уште доволно паркинг места нема и сеуште владее сообраќаен хаос.
Ветија Современ покриен градски пазар -  покриен современ пазар нема ниту во најава.

Ветија Градски плоштад и стара чаршија,  нов изглед на градот, целосна санација и модернизирање на овие клучни простори. НОВ ИЗГЛЕД НЕМА, САМО ДЕЛУМНИ КРПЕНИЦИ НА ПЛОШТАДОТ. Три години не се кадарни да ја стават во функција претходно изградената фонтана на Градскиот плоштад, а не пак да изградат нешто со што општина Неготино  би добила препознатлив лик.

Исто така ветија Браунфилд инвестиција на старата гимназиска зграда, но старата гимназиска зграда сеуште е стара руина во уште полоша состојба од претходно.

Ветија управување со отпадот на депонија Бучето преку воспоставување на интегриран систем на управување со отпадот и редовно отстранување на дивите депонии. Наместо ова, за малку ќе добиевме нова депонија и дополнително загадување во општината. Благодарение на нас граѓаните, ова беше спречено.

Ветија уште низа на проекти кои во оваа прилика би сакал да ги споменам:
1.Изградба на патен правец од село Калањево до Бела Вода и уредување на излетничкиот локалитет Бела Вода;
2.Изградба на канализациона мрежа во Дуброво и тампонирање и асфалтирање на две улици;
3.Изградба на канализација во Црвени Брегови;
4.Асфалтирање на улица од црквата до големото игралиште во Долни Дисан;
5.Санирање на речното корито во Војшанци - решавање на проблемот со водоснабдување со реконструкција на каптажата;
6.Набавка на дополнителен број на контејнери во населените места;
7.Решавање на проблемот со водоснабдувањето во Тремник преку наоѓање на нови решенија -нови бунари;
8.Асфалтирање на две улици во Курија.

Почитувани,

И уште редица други ветувања и проекти кои требаше да го подобрат животот на граѓаните.
Но за жал, сето ова остана само на лист хартија, останаа само како лажни ветувања и празни зборови.
Добрата вест е што тандемот Делков - Витанов завршува со својот мандат за неколку месеци.Ова, мораме сите да признаеме, е најлошото управување со општината во последните 20 години.

ВМРО-ДПМНЕ веќе креира план за развој на општината со кој ќе обезбеди подобар и достоинствен живот за секој  граѓанин.
ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период што следува ќе понуди сериозни проекти и решенија за граѓаните, односно за решавање на сите проблеми на граѓаните, со конкретни рокови за нивна реализација. Проектите ќе бидат реализирани од лица кои поседуваат квалитет, личен интегритет,достоинство и силна посветеност кон остварување на просперитетна општина Неготино.

Граѓаните знаат да препознаат вистинска намера за развој на општината за разлика од лажните ветувања и празни зборови! 
Време е за нови луѓе со визија и цел!

 

Последни новости