fbpx

Прес конференции

Коментар на денот - Попова: Во услови на пандемија, рецесија и огромна беспарица, Петре Шилегов вработува 135 лица во град Скопје

 

Во услови на пандемија, рецесија и огромна беспарица, Петре Шилегов вработува 135 лица во град Скопје.

Со наши пари, Шилегов ќе плаќа нови шофери, административци и раководители. Ова е полнење и партизирање на градската администрација од невидени размери.

Народ умира, илјадници на ден се заразуваат со КОВИД 19, нема вакцини, системот целосно потфрли, а Шилегов градските пари наместо да ги троши разумно, ја полни градската администрација.

Власта која повикуваше на широка влада, која како една од главните цели ќе го има и намалувањето на администрацијата, преку Шилегов ја полни истата таа администрација со партиски кадри. Лицемерие и апашлук.

Скопје има други приоритети, 4 години немаме видено нов проект, нова улица, нов булевар, се што прави Шилегов е мачкање асфалт на старите сообраќајници. Нехигиената е на највисоко можно ниво, дивите депонии се насекаде. Градот е запуштен и во полоша состојба до сега не бил.

Шилегов, за 4 години ништо не направи. Вработувањето на партиски луѓе во градската администрација нема да те спаси на избори, твоето време истече.

Последни новости