fbpx

Прес конференции

Мицкоски: 100 дена Влада на постојани загуби, Владата нема алтернатива за слепата улица по ветото од Бугарија

Почитувани,
Темата на денешната прес конференција е слепата улица и блокадата која нашата држава ја има од Источниот сосед.
Но дозволете, денес гледам дека Владата на 107 ден всушност одбележува 100 дена од новата Влада. Поточно како што каснат во се, така задоцнија и со ова нивна би рекол шарена промоција.
Но ќе ми дозволите, пред да се фокусирам на главната тема да кажам збор два за овие 100 дена иако главната прес конференција ја имавме пред неколку дена.
Денес видовме прес конференција која треба да влезе во учебниците за тоа како изгледаат лажните вести. Или народски да се изјаснам „млатење празна слама“. Ова се најлошите 100 дена на било која влада досега, од која што може да се запаметат само загуби. 100 дена Влада на постојани загуби.
За само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ. Влеговме во економска рецесија, пропадна банка, втор ТАТ, афера тешка 200 милиони евра, поскапе електричната енергија за домаќинствата, за жал 1.400 наши сограѓани во овие 100 дена го загубија својот живот од пандемијата поради акутната неспособност во здравството, и повеќе од 2.000 од денеска.
Во Македонија се умира поради тоа што здравствениот систем е отруен од инфицирачка неспособност да се менаџира со него.
Заслуга на Владата е на првото место за криминал во Европа. Зачудувачки и запрепастувачки криминал. И не мора јас да ви кажувам колку се лоши овие 100 дена. Секој од вас нека си го постави прашањето кој проект или мерка изградија и завршија Зоран Заев со која направи вие да живеете подобро. Одговорот е јасен, нема такви.
Гледам дека им пречи што критикуваме во првите 100 дена. Велат немаме мирни 100 дена. Но треба да се знае дека ова не е нова Влада. Туку Заев ни одзема речиси четири години од нашите животи со најлошите 100 дена. А, од сите нас, од сите вас зависи колку ќе му дадеме можност да продолжиме да губиме.
Таква голема загуба е и ветото од кај нашиот Источен сосед, паднаа во вода сите лаги на власта дека Зоран Заев ќе обезбедел европска, достоинствена иднина. Но она што е загрижувачки е што постои хазадерската игра на Зоран Заев со идентитетот, историјата, јазикот. Човекот игра и губи со нашите вредности и обележја. Внимавајте он игра со „all in“ со вас и вашите животи. Војува и губи со туѓи синови. Но не ни треба доказ дека ќе ги стави на маса идентитетските обележја туку едноставно е доволно човек да остане фокусиран 30-тина минути и да го проследи она интервју кое што го даде за медиум од кај нашиот Источен сосед.
Но она што е загрижувачки е што продолжува со коцкањето. Го избра за специјален претставник својот еквивалент Владо Бучковски. Од медиумите дознавме дека на бугарската страна било понудено решение вклучено и содржано во еден „нон пејпар“ документ. Досега во јавноста таквиот документ не се објави и покрај тоа што треба да му веруваме на Зоран Заев и Бучковски дека дал гаранција дека немаме територијални претензии, нешто што државава го прави по трет и веќе станува понижувачки. Ние немаме информации што содржи понудата на Заев и неговиот „нон пејпар“.
А, ценејќи според дарежливоста на Заев за коцкање со туѓите интереси можеме само да замислиме што се содржи овој документ.
Втората работа што е исто така значајна, Зоран Заев призна дека бугарскиот премиер лобирал за решавање на македонско-грчкиот спор. И оттука не слушнавме никаква ама буквално никаква реакција од кај нашиот источен сосед дали ова е точно или дали ова претставува флагрантно мешање во внатрешните работи на туѓа држава.
Значи за македонскиот премиер не е пречка што друг премиер се вклучува во внатрешните работи на други земји. Но, проблем е што опозицијата и сите релевантни фактори во земјата се држат настрана кога станува збор за спорот со Бугарија.
Да потсетам Зоран Заев не смета дека е потребно дури на лидерска средба да објасни што и како преговарал, а на маса идентитетот директно. Самите историчари од Бугарија признаа дека се разговарало за придавката македонски.
Трето, пред три дена соопштив дека Бојко Борисов директно ми призна дека Зоран Заев му ветувал дека многу работи само да дојде до премиерското место. Од страна на власта молк. Од страна на Зоран Заев молк. Затоа она што можеме да го забележиме изминативе неколку дена е аквизицијата на компанијата која што е инвеститор во рудникот „Иловица“, се сеќавате оној истиот рудник „Иловица“ на кој што Зоран Заев им ветуваше на жителите таму дека нема шанси да биде рестартиран или отворен.

 Имаме премиер со концeсии. Најважно е која е алтернативата која ја нудат откако државата ја внесоа во слепа улица. Но, внимавајте. Алтернатива со сочувани достоинство, чест, честитост, идентитет и гордост. Кој е нивниот план да ја развиваат Македонија или ќе се помират со тоа да останеме во чекалницата? Македонија заслужува европска иднина, а не години поминати во чекање.
Изгубивме многу и продолжуваме да губиме.
Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие 4 години од гордоста и она малку што остана сакаат и тргуваат со него, а всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак.
За ова мора да се понесе одговорност.
Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност.

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Коментар за вчерашните локални избори пред се за Штип? Денеска се најави ново задолжување од 36 милиони, а се раздолжуваме 26 милиони. Дали давате поддршка за ваквите задолжувања, имате ли информации на што се должат овие средства?

Одговор: Прво, ќе ми дозволите да прокоментирам за првото прашање, ставот по тоа дали ќе учествуваме или не на локалните избори во Штип кои вчера се одржаа го кажавме многу одамна и ги кажавме причините и аргументите, не би се повторувал.

Но, би се осврнал на она што е случуваше вчера бидејќи тоа претставуваше само една продаблочена верзија на оние мафијашки и талибански избори кои се одржуваа на 15 јули. Вчера гледавме како понижени и омаловажени извлечени буквално беа носени да гласаат и да пополнуваат некаков замислен цензус на двоецот Заев - Николов, имаше многу луѓе кои финансиски мотивираа луѓе дел се и документирани. Се разбира, ако ми го поставите прашањето зошто истите не ги поднесете во обвинителство, затоа што на 15 јули МВР двајца градоначалници документираше како вршат поткуп па до ден денес од тие поднесени 40 пријави, вклучително и овие за двајцата градоначалници нема ништо. Така што не очекувам дека такво нешто ќе се случи сега, така да кога ќе дојдат подобри времиња и за македонското обвинителство и судство истите тие ќе бидат документирани. Вчера гледавме како не важат законите за владеачката елита и за оние би рекол луѓе кои на ним им служат. Меѓу нив можевме да видиме луѓе кои се познати престапници на законот те. осудувани во минатото за трговија со дрога, луѓе кои се занимавале со недозволиво би рекол разнесување на финансиски средства и за тоа барале екстремно високи камати или кај нас познати како лихвари, гледавме луѓе кои би рекол се со сомнителен изглед, а кои буквално денот го поминаа во Штип разнесувајќи сериозни количини на финансиски средства. Претходно, ќе ве потсетам општините Штип и   Пласница добија вонредно големи средства од страна на дарежливата влада која е неспособна да ги реализира капиталните инвестиции, исто така видовме како младите земјоделци во Штип и околината добија повеќе од 190 милиони денари грант, државните јавни претпријатија понудија стипендии воочи изборите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. И сето тоа е добро доколку ја имаа поддршката од штипјани. Но, вчера беше јасно дека ниту Заев, а ниту докторот кој треба да ги лечи штипјани, а овој  случај беше извор на заразата за штипјани, ја имаат поддршката од страна на штипјани и тоа ќе се види веќе на следните локални избори кои ќе се случат за помалку од десет месеци од денешниот ден.

Ние како одговорна партија кажавме зошто не учествуваме, но она кое вчера се случуваше во Штип е пораз за демократијата, пораз за вредностите и да не не чудиме дека критериумите за влез и отпочнување на преговорите со ЕУ не се само распродавањето на националните идентитески обележја, туку и нешто друго, а тоа е немањето европски вредности, тоа Зоран Заев го покажува од избори во избори, од ден во ден човкот едноставно не функционира на ниво на политики, стратегија, визија и платформа. Тој функционира на два столба, првиот е поткуп и вториот е притисок, закани и уцени. Имаме бројни сведоштва каде што ќе ви цитирам „ќе га испудеме жената ти, ќе га испудеме ќерка ти од работа ако не излееш“ итн. Нормално дел се документирани како што кажав, дел не се. Или пак дури замислете и на вработени во Армијата им се заканувале со прекоманда само за да излезат да гласаат заислувајќи си некаков цензус за да покажат еве некаков си триумф.

Фактот е еден двојно помала е излезноста од последните локални избори од 68-69 проценти во 2017 година, сега е на сила направени 34 проценти, бројот на гласови кои ги освои толку фаворизираниот кандидат најдобриот кандидат кој СДСМ воопшто го има е за 3.500 помалку од најслабиот градоначалник што некогаш битисувал во Штип. Така што отприлика тоа е реалноста. И ако денот по утрото се познава ова ќе биде уште едно големо фијаско за СДСМ и нивните градоначалници како кадри во Штип.   

Второто прашање, зголемување на долгот, претпоставувам на тоа мислите, за нови дополнителни 10 милиони евра. Се разбира дека ние тоа не го одобруваме, затоа што станува збор за средства кои што се земаат, претпоставува за да се пополни дупка во некои тековни расходи. Најчесто плати, пензии или некои други дотации, а само ден претходно видовме како владата дарежливо, на општините подели неколку десетици милиони евра.  

Па, сега се поставува  прашањето, толку ли мислат дека ние сме наивни, толку ли мислат дека граѓаните во оваа држава се наивни, кога два дена претходно, три дена претходно делите неколку десетици милиони евра, ако не бидам во грешка, мислам дека повеќе од триесетина милиони беа. А утре, само во истиот ден нето задолжувањето ќе го зголемите за 10 милиони евра или би рекол, за повеќе од некаде 1200 денари по семејство, за само еден ден ќе се зголеми долгот.  

Така што, продолжуваат со зголемувањето на долгот, продолжуваат со лошите политики и единствен начин, практично, да се застане на патот на овие погрешни политики, немањето визија, отсуството на стратегија, отсуството на квалитет е да се поразат на избори. И затоа често пати, јас велам да се обединиме за да можеме да ги поразиме, во спротивно Македонија ќе продолжи да губи.  

Прашање: Господине Мицкоски, премиерот Заев рече дека, владата нема вина поради блокадата од Бугарија и напротив, на денешната прес конференција за стоте дена Влада рекоа дека опозицијата не прави ништо за да придонесе за надминување на овој спор. Тоа е едното прашање, ваш коментар и второто прашање, Заев рече дека до крајот на овој месец ќе свика лидерска средба доколку претседателот Пендаровски не го направи тоа. Дали ќе одите на оваа лидерска средба и со какви барања ќе идете на оваа средба? 

Одговор: Поврзано со вашето прво прашање ќе потсетам дека, јас уште пред неколку месеци кога, практично, беше навестено ова што се случува, побарав лидерска средба. Ќе ве потсетам дека пред повеќе од една година побарав дефинирање, на таа лидерска средба кај Стево Пендаровски, на нашите црвени линии со што ќе им се олеснеше на политичарите кои што преговараат, но и на историчарите кои што преговараат во многу нешта нивната позиција. Но, вие не можете да придонесете ако го гледате претседателот на владата, кој што дава интервју за медиум кај нашиот источен сосед, каде што се тргува и комплетно се урнисуваат сите преговарачки позиции на државата. Вие и да правите стратегија, после тоа интервју е невозможно таа стратегија да ја имплементирате. Зошто? Затоа што гледате дека во тие триесетина минути, овој човек, све што вие сте изградиле, урнал.  И сега, ако ние сите треба да бидеме флип флоп политичари, денес за утре, луѓе кои што функционираат пазарџиски наместо стратешки, тогаш за жал нема соговорник кај нас. Но, доколку се одважеше и наместо цела недела, буквално да дехидрира на плукање врз мене и на плукање на опозицијата и да прифати подадена рака да организира лидерска средба, тогаш ние денеска ќе имавме, можеби поинаква ситуација. Она што може да го прави опозицијата, ние како ВМРО-ДПМНЕ го правиме, а тоа е, кај нашите сестрински партии во рамките на Европската народна партија да разговараме и да ги убедуваме за нашите позиции и за нашите, би рекол, црвени линии кога станува збор за преговорите и нашата амбиција да бидеме дел од Европската унија.  

Јас на неколку мои јавни настапи тоа го повторував. Но, за жал повторно ќе кажам, не можам да бидам пазарџија, ниту пак да бидам политичар кој што ги менува позициите од ден на ден, ниту пак да ги перам сите оние грешки кои што ги прави Зоран Заев, кога буквално ги урива сите позиции кои со децении се креирани. Затоа што, кога бил во опозиција ветувал нешто, што денеска ете гледаме, не може да исполни. Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичките партии, ние политичките партии да разговараме за нешто, тогаш се знае, треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае, еве кој е тој кој што треба да ја свика таа лидерска средба, ние неколку пати до сега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да разговараат на таа лидерска средба, стојам на располагање.

Но, еден таков формат, кој би бил организиран од Стево Пендаровски, не, нема да учествувам на таква средба, бидејќи не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во една таква лидерска средба. Не, нема да учествувам на една таква средба која би дошла на иницијатива на Стево Пендаровски. Доколку седнат политичките партии и дојдена е иницијатива од страна на Владата, да ќе ја прифатам и ќе учествувам на таква. 

Прашање:Еве слушнавме тоа е дел од моето прашање, Владата не ја гледа вината кај себе за Бугарската блокада напротив може да слушниме деновиве и наназад неколку недели вас ве обвинуваат за работа за странски интереси, го најавивте и првиот чекор интерпелација за министењрот Димитров кои се следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ за како што велите рушење на оваа влада?

Одговор:Епа еве јас ќе дадам одговор на вашето прашање во два дела првиот дел бидејќи три години сум континуирано нападнат од истата таа влада подбуцната со нивните слуги кои што во моментот се надвор од структурите на ВМРО-ДПМНЕ и лиферуваат разно разни погрешни информации за мене еве нека документираат и нека покажат кои се тие би рекол центри на влијание од надвор за кои што јас сум слугувал дека сум работел против државата и така натаму па не мора да ги спонзорираат во намерата како што тоа го правеа ова лето, еве јас утре дента ќе заминам од овде. Во спротивно треба да се извинат, треба да излезат и да се извинат и да речат конечно еве се извинуваме на Мицкоски пошто лажеме цело време како што ни е практично карактерна особина дека тој работел спротивно на државните интереси. Еве еден доказ нека покажат, затоа што говорејќи такви работи официјални лица на владата станува збор дека тие добиваат информации од центри кои што ги плаќаат граѓаните како што се Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разознавање и така натаму нека документираат еден случај и јас одма истиот ден сум подготвен да сносам одговорност во спротивно нека се извинат затоа што на тој начин ја девалвираат работата на сите оние професионалци и во Агенцијата за национална безбедност и во агенцијата за разознавање. нека докажат нека документираат дека е така во спротивно тие се тие кои што работат за интересите. Второто суштинско прашање, што ми го поставивте вториот дел од вашето прашање има суштински одговор, дали владата чувствува одговорност зошто ние еве трета четврта година по ред не сме добиле би рекол дата за за прва меѓувладина конференција па вие се сеќавате, имаше селфи во авионот потоа во парламент овој истиот Зоран Заев како би рекол комедијат ни велеше пукнете ама ние имаме дата за преговори така ли беше?  Од тогаш имаме десетина прес конференции дека имаме дата за преговори три години тонеме во оваа политичко наше мучуриште три години не убедува дека ние всушност ние преговараме, само што не сме влегле. И за денеска после три години истиот тој човек ни каже дека дека не чувствува никаква оговорност во ова политичко наше мочуриште, три години не убедуваат дека ние всушност преговараме., само што не сме влегле. И за да денеска после три години истиот тој човек ни каже дека не чувствува никаква одговорност.

Па што треба да се случи, за да некој од тие таму околу него преземе било каква одговорност? Тоа е суштинското прашање, зошто лажат три години? Оти повторно ќе се случат сега тендери, повторно пола тие тендери ќе завршат како провизии, ќе дојдат избори, ќе расеменат повторно 10-20,30 милиони евра и мислат на тој начин ќе ги купат и следните избори. Тој е начинот на функционирање на овие луѓе. Треба на македонската јавност да и стане јасно, тоа е начинот како овие луѓе функционираат. Ќе соберат неколкумина проблематични луѓе кои што имаат проблем со закон, се осудувани оние што ги амнестираа пред 2-3 години за да можат да им ги растурат тие десетици милиони, и така функционираат. Не очекувајте вие од овие луѓе стратегија. Не очекувајте визија, не очекувајте проект. Две милијарди евра ја задолжија државата, а што направија? Еве, една работа кажете што ја направија? Еве, денеска имаше 100 дена, што е прашањето зошто никој не им го постави прашањето што направи за овие четири години? Еден капитален проект, до каде е пругата ? До каде е автопатот кон Охрид? До каде се експресните патишта до Крива Паланка, до Прилеп, до Струмица? До кај се водоводите, до кај се 500 километри автопат? Што направи овој човек? До каде е, не знам, енергетските објекти? Зошто никој не го поставува тоа прашање? Зошто никој не го праша? Што направија? Освен плантажите со марихуана. Што направија за оваа држава? Срам и понижувања, ете тоа направија. И затоа треба конечно на секој еден граѓанин му стане јасно, или ќе се обединиме околу една цел да паднат овие или ќе продолжиме да губиме како држава и ќе ја празниме држава. Нема друга работа. Или, или е. Не и, и. Или, или е. Дојдено е да биде или, или.

Прашање: Рековте дека почнувате проект, тргнувате да се руши оваа ненародна власт. Прв чекор е интерпелација на Димитров така? Зошто токму Димитров?

Одговор: Па мислам дека во овој момент најповиканото прашање е дебаклот кој што ни се случува на отворена сцена поврзано со надворешната политика. Не знам, ако нешто е поактуелно од ова тогаш во моментов навистина јас не можам да се сетам.

Прашање: Дали го опфаќа и Османи? Бидејќи шеф на дипломатијата сепак е Османи?

Одговор: Затоа велиме чекор, по чекор. Затоа што најпрвин да ги лоцираме ресорите. Првиот ресор е меѓународна политика, одиме понатаму здравството, па да видиме политичкиот систем итн. Почекајте чекор по чекор, ќе ги  отвораме. Знаете еве не ми го поставуваат тоа прашање, но често пати го добивам и во пораки и на социјалните медиуми викаат зошто ВМРО не го напушти Парламентот. И зошто не го блокира Парламентот? Еве, поврзано со ова што вие ми го поставувате прашање, првиот ден кога опозицијата ќе излезе од Парламентот или ќе го напушти, првиот ден ќе помине онлајн гласањето. Првиот ден ќе помине онлајн гласањето и четири години ќе ги гледаме овие луѓе таму. А, вториот закон што ќе помине е законот за марихуана. Што мислите зошто?  

Сигурно нема да поминат поголеми субвенции, нема да поминат,  ниту циркузанти во Парламентот или околу Парламентот, по социјалните медиуми што прават атракции. Ова е суштината, сакаме или не сакаме подобра држава? Ако сакаме мора да ги гледаме сите работи од сега, па тоа што ќе се случува низ година, две. Ако гледаме од тука до носот, тогаш циркузанти ќе бидеме и во Парламентот и во социјалните медиуми. Тоа е суштината.

Прашање: Ама, вие сте во Парламентот четири години, ние дужиме две милијарди. Но прашањето ми е, сакам да Ве прашам како планирате да ја смените власта, велите за секој изборен процес дека има неправилности и поткуп? За дел од тоа има и докази, како што беше на референдум, а нема постапки. Мислите дека на изборите на кои што ќе победите еве да речеме дека тоа ќе бидат на следните нема да има поткуп? Што ќе направите вие во таа насока ми е прашањето, што ќе се смени до тогаш за да Вие можете да ја добиете довербата, на чисти избори?

Одговор: Па, многу работи ќе се сменат. Со Зоран Заев нема чисти избори. Со Зоран Заев нема чисти избори, тоа да ви е јасно. Повторно ќе имаме поткуп, повторно ќе имаме притисок, повторно ќе имаме закани, уцени, петти – шести пакет, картички сето тоа ќе има. Вонредни исплати, вработувања, се ни е јасно, уцени закани притисоци се ни е јасно. И ова е влезот во равенката. Второто е сега дозволете ни да си имаме наша стратегија и методологија да биде аутпотот и излезот. Ианаку сето ова ќе се случува и за девет месеци од денес. Затоа ни е потребна општествена поддршка, и обединување, тоа е тоа што го зборувам јас. И на тоа ќе работиме во овие девет месеци инаку ништо од ова нема да изостане дури и ќе биде засилено. Дури и ќе биде засилено.  Не очекуваме дека ќе се опамети тој во овие девет месеци. Не. А знаете зошто? Затоа што нема гаранции, како вели тој со Христијан нема договор. Нема договор за криминал.

Прашање:Само да го надополните одговорот на колешката не одговоривте со какви барања би настапила ВМРО-ДПМНЕ на лидерска средба ?

Одговор:Па да го видиме дневниот ред најпрвен кој ќе биде дневниот ред, прво да се случи таа лидерска средба, откако ќе се случи претпоставувам ќе има дневен ред таа лидерска средба и врз основа на тој дневен ред ќе излеземе со наша позиција да го дополнеме тој дневен ред ако видиме дека тоа што е опфатено за таа лидерска средба ги содржи практично и барањата или не. Доколку не ги содржи ќе предложиме дополнување на тој дневен ред доколку и тоа дополнување се игнорира, нема да бидеме дел, не планираме кловнови да бидеме и да изиграваме циркуска атракција таму. Или ќе зборуваме за суштина или театри не ни треабаат доста е. Доста е веќе, народот е уморен од тоа.

.be

 

Последни новости