fbpx

Прес конференции

Македонија мора да ја вратиме на нормален колосек

 Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска сме овдека во Куманово, ќе разговараме со Кумановчани за актуелната ситуација, за предизвиците кои што во изминатиов период ги чувствуваме сите ние, пред се тука мислам на лошата, политичка, економска состојба во државава, изминатата тригодишна пандемија предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. Вклучително и лошото справување и менаџирање со вирусот Ковид-19, односно Ковид пандемијата која што го зафати целиот свет, ја зафати Европа. Цела Европа излегува ги отвора границите, се нормализира животот, за жал кај нас допрва ги очекуваме најголемите пикови и бележиме рекорди по бројот на луѓе кои што за жал го губат својот живот.

Но тоа е, што е, периодот кој што е пред нас ќе се обидеме ширум Македонија да ја презентираме нашата програма, да разговараме со што е можно повеќе сограѓани, да ги убедиме во нашата мисија, а тоа е најпрвин да ја поразиме пандемијата наречена ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, а потоа да ја совладаме пандемијата со Ковид-19 вирусот. Се разбира и економски и политички Македонија да ја вратиме во нормален колосек, а не онаму каде што силно ита, а   тоа е бездна која што ја предводи ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев.

Прашање: Господине Мицкоски, излегоа фотографии дека Вашата мајка не се придржува до протоколите. Кој е Вашиот став, вистинити ли се фотографиите?

Одговор: Да, во текот на вчерашниот ден бев сведок на таков тип на фотографии кои што претпоставувам потекнуваат од еден одреден центар, а тоа е СДСМ. Кои што на интернет беа пренесувани со лажни вести од страна на т.н. новинари, дека јас сум бил пред некој ден виден со мојата мајка. А, тоа е инаку стара фотографија од 2019-тата година од 2-ри август, е точно денот, во Охрид, во еден ресторан сликано е таму. И точно знаеме од кој активист е на СДСМ од Охрид е сликана таа фотографија, за жал ете една година потоа злоупотребувајќи ја практично состојбата со здравјето на мојата мајка, таа фотографија излегува на социјалните медиуми. И излегува со практично реторика дека мојата мајка, вклучително и јас не сме се придржувале до протоколот. Но тоа е тоа, јас од тие луѓе не очекувам ништо повеќе и ништо поконструктивно, покреативно. Исклучително мрачни невистини да лиферуваат. Но уште малку остана, уште некоја недела, а потоа ќе треба да се соочат со сопствениот срам, затоа што ќе треба да одговара пред јавноста зошто во моментите кога целата нација обединета и политички, верски и национално, овие луѓе кои што потекнуваат од еден центар, а тоа е СДСМ бесрамно лажат и се обидуваат да монтираат и да злоупотребуваат луѓе во политички цели. Не е добро тоа. Тоа не е добро.

Прашање: Ваш коментар за инцидентор за поставената експлозивна направа во простории на бизнис простории на потпретседателот Мисајловски?

Одговор: Да, јас уште утрово заедно со Владо имавме една дискусија, разговаравме за тоа што се случило детално ме информираше и во моментот кога тој и негово семејство дознаа бев информиран за тоа што се случило таму. Индициите се дека ги знаеме сторителите врз основа на информациите патувајќи наваму во Куманово, има индиции за сторителите, го охрабрувам МВР, надлежните и СВР Скопје и останатите што побрзо да го расветлат ова недело. Повторно ќе кажам јас сум свесен за стравот кој определени структури, политички пред се и политичари го чувствуваат поради дебаклот кој ќе им се случи на 15-ти јули и ги повикувам да не конструираат вакви сценарија бидејќи и после 15-ти јули треба да има живот во нашата држава. Ова не е добро затоа што во физиката има еден закон, Њутнов закон кој вели секоја акција има и своја реакција. Ако на секоја нивна акција следи ваква реакција иста најмалку по интензитет, но спротивна насочена ќе биде лошо. Ќе биде лоши за Македонија, ќе биде лошо и за предизвиците кои следат на државата треба да отпочнеме преговори со ЕУ, треба Македонија еден ден да биде членка на ЕУ. Ја користам оваа прилика, овдека во Куманово да го осудам овој чин, да им порачам дека не се плашиме, напротив ако тоа им е целта на овие криминалци диригирани од еден центар на моќ и оркестрирани и сценарирани од страна на власта дека не им се плашиме, дека напротив ова повеќе не мотивира. сега за сега ќе бидеме трпеливи  и ќе чекаме институциите да го расветлат настанот. Но,а ко институциите не го расветлат настанот јас им ветувам дека после 15-ти јули ќе ги стигне правдата. И тие ќе бидат примерот како се постапува во новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ кога правдата ќе затропа на вратата на злосторниците и криминалците кои ја злоупотребуваат сегашната ситуација за да спечалат по некој политички поен. 

Прашање: Активисти на ДУИ вчера пред седиштето на партијата испорачаа услов за премиер Албанец и за прифаќање на бугарските барања. Ваш коментар?

Одговор: Демократската унија за интеграција изгледа се чувствува прекомфорна и комотна во оваа тригодишна коалиција со СДСМ и мисли дека начинот на кој што функционира со СДСМ такви се сите останати политички партии. Она кое што сакам да им го порачам еве и на нив овде од Куманово е да внимаваат како се однесуваат бидејќи на Македонците но и на останатите граѓани во Македонија им е дојдено веќе преку глава да бидат граѓани од втор ред и таков тип на барања може да ги задржат само во сопствените редови за храбрење и мотивација на сопственото членство. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се обраќа на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност во Македонија и ќе ја искористам оваа прилика да им се обратам и ним како политичка партија дека ваквата реторика и ваквиот начин на однесување не само што не носи добро туку напротив ја заострува ситуацијата во нашата држава. Ние ќе одговориме соодветно затоа што поминаа времињата кога ДУИ ќе се чувствува комотно и романтично во Владата на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е победник на следните предвремени парламентарни избори заедно со Коалицијата „За обнова на Македонија“ и како што кажав на почетокот од овој одговор преку глава им е на Македонците но и останатите граѓани во оваа држава да бидат граѓани од втор ред. Доаѓа вистинска обнова и доаѓа вистинската сила и на Македонците но и на останатите граѓани во Македонија, после 15-ти јули во Владата на Република Македонија и ќе им порачам да внимаваат од сега па натаму како се однесуваат и какви пораки рефлектираат во јавноста затоа што тоа не е добро за сите етнички заедници вклучително и за албанската етничка заедница  во нашата држава.

 

Последни новости