fbpx

Прес конференции

Заев, Димишков и Димишкова трговци на притвори со пари?

Интегрален текст од прес конференција на Антонијо Милошоски

Почитувани,

И денес би сакал да се осврнам на аудио снимките на сега веќе популарниот адвокат Димишков и неговата моќна сестра судијка г-ѓа. Димишкова.

Овој тандем адвокатот Димишков и судијката сестра Димишкова очигледно е дека се недопирливи. Недопирливи за Јавното Обвинителство. Додека во државата одговараат граѓани за не носење на маска и плаќаат по 20 евра, адвокатот Димишков  и судијката Димишкова не се ниту повикани во Јавното обвинителство да дадат исказ, ниту е поведена истрага зошто разговарале, тргувале и на крајот тоа се реализирало, ослободување од притвор за сума од 6 милиони евра.

Во нормална европска држава според стандардите на Рајнхард Прибе, ваков случај брат – адвокат и судија – сестра како што се тандемот Димишкови и пазарење на мерка притвор, нејзино изрекување или нејзино отповикување и двајцата мислам дека би завршиле во притвор. А, не само тоа би имало и сериозна, обвинителска и судска разврска.

Затоа сакам да поставам прашање до јавната обвинителка Вилма Русковска, зошто се уште го нема повикано да даде исказ за овој 6 милионски трансфер за ослободување од мерката притвор адвокатот Димишков. И дали неговата сестра Весна Димишкова е најголемата заштита за ваквото тргување со притвори од страна на адвокатот Димишков.

Во аудио снимките што ги слушнавме имаше и еден израз од гласот кој што се говори дека е на адвокатот Димишков кога ја испорачува цената од 6 милиони евра кон соговорникот, вика –„Чекам пас, да ми дозволат дали ова може да го завршиме“.

Прашањето е од кого чека пас, од кого чека зелено светло адвокатот Димишков?

Дали чека зелено светло од Курто Дудуш? Дали чека зелено светло од Амди Бајрам? Или можеби чека зелено светло од Зоран Заев?

Кој одлучува колкава ќе биде цената за еден притворен граѓанин, без разлика дали е стопанственик или нешто друго? Дали цената ја одлучува адвокатот? Дали цената ја одлучува судијката? Или ја одлучува оној од кого чекаат пас? И дали тоа можеби е господинот Зоран Заев? Или Вице Заев?

Затоа уште еднаш денес апелираме адвокатот Димишков и Зоран Заев јавно да излезат и да дадат изјава за јавноста, дали потврдуваат или демантираат дека се дел од овој случај на тргување на притвор за 6 милиони евра.

Господинот Заев може слободно да демантира и иднината пред нас овие неколку дена тоа можат да го потврдат или можеби потоа тој самиот може да биде демантиран од некои други снимки.

Адвокатот Димишков во најмала рака треба да даде исказ пред јавната обвинителка Вилма Русковска кој го прислушкувал неовластено. Ова се неовластени снимки, за неовластено прислушкување, Кривичниот Законик предвидува казна. И прашање е зошто јавната обвинителка не поведува во најмала рака случај, кривичен предмет за неовластено прислушкување и втор кривичен предмет за изнуда, уцена или посредување при правење на кривично дело во случајов давање на 6 милиони евра за ослободување од притвор.

Затоа цениме уште еднаш додека не се добијат јасни одговори, потврда или демант од Зоран Заев дали го познавал адвокатот Димишков и судијката Димишкова од телевизија или ги познава лично. Дали Вице Заев се видел еднаш или повеќе пати со адвокатот Димишков? Или го познава само од телевизија? Ќе виси сомнежот дека тандемот адвокатот Димишков и судијката – сестра Димишкова заедно со политичките нарачатели за кои што има индиции дека се Вице и Зоран Заеви тргувале со правдата, определувале кој ќе биде притворен и определувале цена за колку пари еден притвот може да биде укинат.

Се додека постои таков начин на однесување во обвинителството и судството Македонија ќе биде далеку од стандардите на владеењето на правото. Но после 15-ти јули особено за овој случај бидејќи има дојавувачи кои што гледаме дека се расположени да споделат одредени материјални докази за овој настан, мислам дека ќе има сериозна одговорност.  

Одговор на новинарско прашање

Новинарско прашање: За неколку дена започнува изборната кампања, каква кампања ВМРО-ДПМНЕ ќе води, колку таа ќе биде црна кампања како што ја велат, може ли да се очекува уште вакви бомби, кога ќе ја претставите програмата? Каков ќе ви биде концептот?

Одговор: Програмата ќе ја претставиме на самиот ден на почетокот на кампањата за да биде се согласно со прописите кои ги определува ДИК.ВМРО-ДПМНЕ ќе води кампања со една порака, овој пат имаме избор помеѓу измамите на Зоран Заев и можноста државата да тргне напред. Тоа ќе биде нашата порака до граѓаните бидејќи забележуваме дека многу граѓани кои во 2016 година очекувале од Заев некакви промени денес се срамат што Заев воопшто бил премиер на оваа држава, затоа што излажа за Уставот, излажа за економијата, излажа за образованието, излажа за висината на платите, а се занимава со мито, корупција, судови, обвинителства, притвори и рекетирање. Таков премиер на оваа држава не и треба, на оваа држава и треба премиер кој ќе направи развоен концепт и каде што напредокот и животниот стандард секоја година ќе стануваат подобри, а владеењето на правото ќе има одредени европски критериуми. Тоа ќе биде нашата кампања.

Новинарско прашањеКолку ќе верувате на резултатите на изборите ако се гласа три дена и гласачките ливчиња ќе се чуваат три дена имајќи предвид претходни искуства?

Одговор: Доколку  се земе искуството од контроверзниот референдум и гласањето за 3 секунди во некои избирачки места сметам дека државната зборна комисија и Министерството за внатрешни работи навистина ќе треба да поведат многу посериозна сметка заедно со членовите на избирачките одбори овој пат гласањето да биде регуларно. Не само заради една друга или трета политичка партија туку затоа што од Европската Унија веќе има најава од еден амбасадор преку неговото интервју дека за три четири влијателни земји членки на Европската Унија начинот на спроведувањето на изборите и нивната регуларност може да биде еден од критериумите од кои  што ќе зависи дали  Македонија ќе направи еден чекор напред кон почеток на преговорите за членство. Затоа апелираме до сите политички партии до сите избирачки одбори најмногу до владејачката коалиција како луѓе кои што имаат најголема моќ и одговорност до ДИК и Министерството за внатрешни работи да имаме максимално фер и демократска кампања и никој да не помислува да фалсификува или да прави било што за време на овие три дена на гласање.

Новинарско прашање: Потпретседателот Владо Мисајловски објави дека била фрлена експлозивна направа во неговиот објект. Ваш коментар околу ова?

Одговор: Ние пред 10 дена како партија пријавивме во МВР еден обид за заплашување и насилство од страна на советник на бившиот и никогаш повеќе премиер, Заев таканаречен Сокол кој што се закануваше на еден од нашите носители на изборни единици, на господинот Игор Дурловски. И апелиравме тогаш до СДСМ да прекинат со ваквото организирано или можеби поединечно насилство кое што го сметаме за излив на нервоза кога забележуваат дека ќе ги изгубат изборите. Очигледно е дека нервозата кај СДСМ расте, ваквиот чин го осудуваме и ваквиот напад на објектот кој што е во сопственост на носителот на листа, Владо Мисајловски Кендо со експлозивна направа очекуваме сите други политички партии да го осудат, а на СДСМ уште еднаш им порачуваме. Знаеме дека сте нервозни ваквото насилство нема да ја смени реалноста дека ќе ги изгубите изборите. Последниот апел би бил до МВР, да си  ги преземе работите во свои раце и сторителот да биде што побрзо откриен и изведен пред лицето на правдата за може да видиме кој поединец го направил тоа и дали добил политички налог од некој од горе.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Последни новости