fbpx

Интервјуа

 БРТ што го презентира Шилегов е скапа реклама, неисплатлива и неизводлива

 

Дали во последните три четири години сте виделе некаде било каде на скопските улици со оние мали машини за гребење асфалт се санираат дупки? Еве возете утре буквално по градот ќе видете дека има буквално фрлено асфалт врз нив. Тоа не е санација, вели претседателот на републичката комисија за инфраструктура, транспорт и градежништво на ВМРО-ДПМНЕ Синиша Ивановски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

За најавениот БРТ на Петре Шилегов кој ќе чини 70 милиони евра, Ивановски го коментира како скапа реклама.

Скапа реклама, 70 милиона евра се позајмица, каде што ќе има две линии. Првата ќе биде од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, а другата ќе биде Бутел до Кисела Вода. Добри се видеата за гледање, меѓутоа ај што ќе го земеме цело зеленило, малку беше ова со ДУП-овите попара го направија зеленило им е гајле каде треба каде не треба.

Прва работа, Партизански одреди пет ипол километри од почетокот од Влае до Соборен Храм е главната цевка на водоводот на Град Скопје, 1600 милиметри односно 1/6 метри, тоа е направено пред 50тина години. Не е овие новите технологии на цевки, туку класика челик цевки од вибрациите на самиот БРТ, еден дефект да има кој ќе го санира тоа, цело Скопје ќе не остави без вода. Ќе треба да се раскопа цела Партизанска, да се тргне се за оние тоа да го санираат, вели Ивановски.

Ајде ќе најдеме решение, ќе го заштитиме со бетонски блокови од сите страни. Тоа е од прилика 1000 евра метар, или 5.5 милион евра само за тие блокови што повторно ако дојде дефект нема да знаеме каде е точно и ќе треба да ги вадиме, додаде Ивановски.

Последни новости