fbpx

Вести

Трајанов: Власта нема стратегија, нов бран на ковид-19 наесен би влијаел дополнително на и така лошата економска состојба во државата

На денешната седница со Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Здравко Трајанов истакна дека Владата треба серозно да ја разгледа ситуацијата со вакцинацијата бидејќи нов бран на ковид -19 наесен сериозно би влијаел на и така лошата економската сосотојба во државата.
„Во светот и Европа сериозно се разгледуваат статии за појава нов бран КОВИД -19 наесен. Ососбено од делта сојот што сериозно може да влијае на економијата во целина. Тоа претставува сериозен проблем и за Македонија како зависна држава од светската економија. Ја потенцирате кризата ковид-19 и тука мораме да спомнеме некои факти. Вакцинацијата со втора доза е извршена само кај 7 проценти, некаде 300 илјади граѓани а една доза имаат примено 500 илјади граѓани односно 25 проценти од населението“ истакна Трајанов.
Трајанов додаде и дека државата мора посериозно да пристапи со вакцинацијата, бидејќи нов бран наесен би блијаел дополнително на и така лошата економска сосотојба во државата.
„Системот на владата за пријавување има пријавено 495 илјади граѓани што значи дека моделот на пријавување на граѓаните ги дал очекуваните резултати меѓутоа овдека како да достигнал определн лимит сериозно треба да размисли министерството за здравство особено владата затоа што дигитализацијата е само помошна алатка да им ги поедностави работите на граѓаните не секогаш дигитализацијата може да ги даде очекууваните резуултати особено на места каде што луѓето немаат познавање од компјутери немаат компјутери или имаат слаба пристапност до целката таа дигитализација. Мораме како држава посериозно да пристапиме кон оваа работа со вакцинацијата затоа што следува лош период наесен ако тоа не се заврши добро“ заклучи Трајанов. 

Последни новости