fbpx

Вести

Ефтимов: За да има инвестиции во државава мора да има правна сигурност, а во Македонија нема ништо од право

За да се остварат вашите баснословни суми во ребалансот, инвеститорите треба да имаат правна сигурност. А во Македонија нема ништо од право и владеење на право, рече пратеникот Дајанчо Ефтимов од ВМРО- ДПМНЕ на денешната собраниска расправа за ребаланс на Буџетот за 2021 година.  

„Да слушаме секој ден дека имало владеење на правото, но реално нема ништо. Во овој ребаланс најмалку учество или 0,004 посто или околу 30 илјади евра ќе се вложат за владеење на правото“, рече Ефтимов.

Пратеникот Ефтимов укажа дека тврдењето на власта кое се повторува секој ден дека има владеење на правото е демантирано од сите институции и оти се останува само на најавени планови.

Ефтимов потсети дека за тоа говори и Извештајот на Стејт  департментот кој констатира дека власта е корумпирана и има корупција, истото го кажува и Транспаренси.  

“Премиерот пак се вади и вели нема корупција во првиот и вториот ешалон, корупцијата е подолу во трет и четврт ешалон. Префрлување на топката на подолните ешалони е само избегнување на одговорност“, рече пратеникот Ефтимов. 

 

 

Последни новости