fbpx

Вести

Муцунски: Кога можат граѓаните да одат на работа, тогаш можат и пратениците – власта да ги прифати амандманите на опозицијата за подобар живот на македонскиот народ

„Кога има револт на опозицијата на одредени измени, во овој случај на Деловникот на Собранието, наместо преку дијалог со консензус, туку на еден насилен начин без консултации со опозицијата надвор од процесот Жан Моне кој што е воспоставен од европските институции за промена на Деловникот, ние гледаме насилно настапување. Поради тоа наша обврска како опозиција не е немо да седиме на страна и гледаме што се случува, туку да дејствуваме и да реагираме“, истакна Тимчо Муцунски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при гостување на утринска емисија на телевизија Алфа.

Муцунски додаде дека опозицијата нема да биде сведок во Собранието додека парламентарното мнозинство го крши Деловникот за работа во парламентот. Опозицијата нема да дозволи власта насилно да турка процеси кои што ќе наштетат на Република Македонија.

-Местото на пратениците е во Собранието. Како што можат многу наши чесни сограѓани да работат во индустриски објекти, во канцелариски објекти, на разни места низ државата, ние како пратеници со сите обезбедени протоколи и услови кои што ги има во Собранието. Верувајте ми во ниту еден момент како пратеник не сум се почувствувал во зградата на Собранието дека сум во некој ризик од заболување, нагласи Муцунски.

Муцунски посочи дека во зградата на Собранието се обезбедени сите услови за заштита од КОВИД-19, затоа сите пратеници можат да работат од зградата, наместо онлајн.

-Сите седници на Собранието се снимени, јавноста може да ги следи во секое време, а тоа е значаен елемент за функционална демократија. Во моментов се одвива расправа за буџетот за 2021 година, од страна на пратениците од опозицијата има огромен број на амандмани. На пример има една група на над 20 амандмани на предлог на граѓанскиот сектор кои што опозицијата ги апсорбираше и ги преформулираше во амандмани кои што се поврзани со заштитата на животната средина. Односно што може повеќе да се направи за да се спречи оваа аерозагадување, сите да го отвориме својот прозорец не само во Скопје, туку во сите градови низ државата. И сега прашањето е што е направено во последните четири години од страна на ова парламентарно мнозинство, за да се реши тоа прашање, а одговорот за жал е ништо. Затоа опозицијата има голем број на проекти кои што ќе го решат горливото прашање на граѓаните, рече Муцунски.

Муцунски додаде дека за жал нема никаква подготвеност од страна на парламентарното мнозинство да прифати амандмани од страна на позицијата кои ќе помогнат во подобрување на животот на граѓаните и воедно буџетот за 2021 година ќе стане развоен буџет. А, предлог буџетот што го поднесе власта е неразвоен и, за жал, не носи подобрување на животот на граѓаните.

Последни новости