fbpx

Дафина Стојаноска

Дафина Стојаноска е пратеничка во Собранието на Република Македонија од 2016 година. Стојаноска е дипломиран стоматолог на УКИМ и магистер по менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности - јавна администрација и социјални дејности, при Филозофски факултет на УКИМ, работела како матичен стоматолог во родниот град во период од 2004 до 2008 година.

Од 2008 до 2016 година е вработена во ФЗОМ во Гостивар. Стојаноска е секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во период од 2012 до 2015 година, претседател е на ОИШ во Гостивар за предвремените парламентарни избори во 2014 година.

Од 2013 година до 2016 година е и координатор на советничката група во Советот на Општина Гостивар. Во 2015 година е избрана за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, функција која ја извршува до 2017 година. Повторно е избрана за член на ИК во 2018 година. Во тек и' се магистерски студии на УКИМ, оддел за МЧР.