Спасовски и Шекеринска да се откажат од платите над 80.000 денари и да ги донираат за борба против корона вирусот

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Наместо кратење на плати на работниците и на администрацијата, даваме конкретен предлог, да нема плати за министрите. Нудиме конретен предлог до владата, Спасовски, Шекеринска и другите да се откажат од платите и да ги донираат за борбата против корона вирусот

  • Оливер Спасовски да се откаже од нето платата од над 88,000 денари.
  • Радмила Шекеринска да се откаже од нето платата од над 80,000 денари.
  • Мила Царовска да се откаже од нето плата над 73,000 денари.
  • Рената Тренеска Дескоска од платата од над 73.000 денари,
  • Никола Димитров од платата од над 72,000 денари,
  • Дамјан Манчевски од над 70,000 денари плата и така натаму.

Предлагаме сите 26- министри да се откажат од примањата кои се движат од 70.000 до 90.000 денари нето и да работат про – боно! Ако СДСМ навистина сакаат да помогнат тогаш целосно да се откажат од нивните приходи по основ на плата и хонорари, додека трае кризата со епидемијата на корона вирусот.

Дополнително, нека се откажат и од привилегиите кои одат со функцијата како службени возила, телефони и репрезентации кои ги прават и ги плаќаат со народни пари.

Почитувани, доколку министрите, замениците – министри, директорите, и членовите на управните и надзорните одбори работат без пари, про – боно со тоа ќе се заштедат над 2.5 милиони евра месечно. Тоа се над пет милиони евра за два месеци, колку што предлагаат да трае драконската мерка за македонската економија.

Ако е вистина, а не лицемерно, ако навистина го мислат тоа што го кажуваат, тогаш функционерите од СДСМ нека почнат со свој личен пример да го помогнат народот.

Министерката Дескоска да почне од себе, да се откаже од вкупната плата и примања, а потоа да ја следат и Спасовски, Шекеринска и другите функционери во владата.

Поврзани вести

Арсовски: СДСМ четврти ден молчи за скандалозното доделување на лиценци за одгледување на марихуана на партиски функционери во вонредна состојба, ЈО и ДКСК да го истражат случајот

Интегрален текст од прес конференција – Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, СДСМ...

Коста Петров треба да знае дека ова не е шоу бизнис ниту евровизија, а во реалниот живот Заев украде 120 милиони евра за три месеци, Уставниот суд не може да прави ништо освен да го почитува правото

Одговор на новинарскo прашањe на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Прашање: Може ли краток коментар...

Мицкоски: Направен е смислен и организиран грабеж на буџетот, за три месеци потрошиле 120 милиони евра од буџетскиот дефицит за корумпирање избори, економијата е пред колапс

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Дозволете најнапред...

Јанушев:Дали зад тендерскиот скандал со дрисла има и роднинска спрега, дали е точно дека братучед на Рашкоски го доби тендерот од 12 милиони денари, доделен пак од братучед на неговста сопруга?

Интегрален текст од прес конференција на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Вчера обзнанивме...

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот Суд на Република Македонија за поништување на уредбата со законска сила која се однесува на исплатата на големи пари за поранешните вработени во СЈО

Интегрален текст од прес конференција на Антонијо Милошоски Почитувани новинари, почитувана јавност денес би...

Предлог мерки за помош на спортистите, спортските работници, клубовите и вработените во спортските федерации и објектите за спорт поради пандемијата со вирусот Ковид – 19

Интегрален текст од прес конференција на Влатко Неделковски Почитувани, Jа поздравуваме намерата на владата...

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...