Заев удри по примањата на работниците, за да ја сокрие неспособноста и криминалните тендери

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Зоран Заев

Заев удри по примањата на работниците, за да ја сокрие неспособноста и криминалните тендери.

Денес Заев промовираше мерки кои се за колапс на стопанството и со чие кратење на плати најмногу ќе се удри и ќе се одрази кај оние со пониски примања.

Во ист кош ги нареди министрите, директорите и функционерите со работниците со пониски примања на кои сега им вели дека ќе земат иста плата иако претходно имале различни приходи.

И додека крати плати на работници не заборави владата да донесе уредба со која ќе може да врват тендери и трошења на пари за да им се полнат џебовите на функционерите на власт.

Притоа не скрати ништо ниту од привремените вработувања и илјадниците партиски војници на СДСМ кои земаат пари, не создаваат вредност, а седат дома, истите оние илјадници кои предизборно ги трупаа во локалната, државната администрација и јавните претпријатија. Станува збор за сума која што е далеку поголема од оние 5,7€ кои ги предвиде владата.

Помошта која ја нуди на компаниите е слаба и далеку од потребниот стимул. Практично Заев призна неспособност и ги осуди на банкрот.

Воедно крајно дискутабилно што народниот буџет се крои во штабот на политичка партија, и тоа што е спорно својството во кое Заев излегува да промовира владини мерки.

Овие мерки за колапс ќе бидат делумна и недоволна помош, со паѓање на најголем товар на оние кои заработува помалку.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.