Одговори на новинарски прашања од прес конференција на Александар Николоски

Одговори на новинарски прашања – Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ 

Прашање: Спомнавте дека имате спремни тимови, дали на средбата кај Пендаровски ќе предложите внесување на тие тимови во партиските штабови?

Одговор: Тоа е предлог кој што ние веќе го даваме три дена до владата, до денес владата се одлучува на оваа работа. Во однос за средбата кај Пендаровски, не сум сигурен дека се поканети лидерите на најголемите политички субјекти и малку е чудно една таква ситуација се уште денеска да нема покана за лидерите на најголемите политички субјекти, што е во насока на овој кој што го споменав претходно политички маркетинг. Имаме чувство како да се натпреваруваат помеѓу себе разни претставници кој ќе направи подобар маркетинг, а не да се справиме со ситуацијата.

Прашање: Партијата прогласи мораториум на активностите, до душа на теренски активности, но за новинарите и ова е терен додека да стигнеме до овде. Ќе преземете ли други мерки бидејќи повторно се повикуваат медиумите на присуство?

Одговор: Единствените активности кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има се исклучиво поврзани со справување со последиците од корона вирусот. Сметаме дека како најголема партија во Македонија имаме одговорност да го направиме тоа. во однос на вашата работа цела почит затоа што во моментот, вие сте тие кои што стигате до секој дом, луѓето седат дома и ги очекуваат информациите. Ние немаме друг начин да искомуницираме со луѓето освен преку медиумите и ќе размислиме за следните денови за алтернативен начин на користење на медиумите кои што и не мора да значи физичко присуство на новинарите. Знам дека некогаш сакате да поставите прашање и подруго е сте тука, а друго е тоа да оди online или електронски. Но, следните денови ќе ги разгледаме и тие опции. Но, она што исто така можам да го кажам е дека ќе останеме посветени исклучително само на оваа тема. Сите други активности ВМРО-ДПМНЕ ги стопира, немаме ниту една друга активност и ништо друго партијата и партиските органи не работат освен ова, затоа што не сакаме да ја дефокусираме јавноста, ниту било кого на било кој начин да го загрозиме.

Прашање: Предмалку ДИК на седница меѓу редови, не кажа отворено, но порача до партиите да одберат што е приоритет или здравјeто на граѓаните или изборите, доколку се разговара за одложување на изборите каков е вашиот став?

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски уште вчера на прес конференција кажа и беше многу јасен, за нас изборите не се ни прв, ни втор, ни трет, ни четврти приоритет, за нас во моментов единствен приоритет е здравјето на граѓаните и второ надминување на потенцијалната економска криза којашто и следи на Македонија како резултат на ова што се случува. Не размислуваме на ништо друго, на ова сме фокусирани, за разлика од други политички партии коишто имаат теренски активности, гледаме преку вас медиумите или нашиот политички опонент СДСМ што држи тривијални прес конференции за состојбата во правосудството и јавната администрација, а е три години власт, што е апсурд сам по себе.

Ние ги имаме стопирано сите наши активности, ние билборди  по Скопје не поставуваме со светлата иднина на Македонија, туку тие билборди ги поставува СДСМ со ликот на Зоран Заев. Ние никакви други активности не превземаме, освен активности поврзани со справување со ситуацијата. Ние сме одговорна партија и кажав за нас приоритет број еден е здравјето на граѓаните, приоритет број два е справувањето со економската ситуација.

Во однос на било какви одлуки поврзани со одржувањето на изборите, тоа не може да е одлука само на ВМРО-ДПМНЕ, ставот на претседателот на партијата вчера беше јасен и експлицитен, и очекуваме во периодот којшто следува да се искристализираат работите. Изненаден сум што лидерите на поголемите политички партии немаат покана за утрешната средба кај Пендаровски, мислам дека треба сите да сме совесни и да дејствуваме соодветно на ситуацијата.

 

Поврзани вести

Арсовски: СДСМ четврти ден молчи за скандалозното доделување на лиценци за одгледување на марихуана на партиски функционери во вонредна состојба, ЈО и ДКСК да го истражат случајот

Интегрален текст од прес конференција – Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, СДСМ...

Коста Петров треба да знае дека ова не е шоу бизнис ниту евровизија, а во реалниот живот Заев украде 120 милиони евра за три месеци, Уставниот суд не може да прави ништо освен да го почитува правото

Одговор на новинарскo прашањe на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Прашање: Може ли краток коментар...

Мицкоски: Направен е смислен и организиран грабеж на буџетот, за три месеци потрошиле 120 милиони евра од буџетскиот дефицит за корумпирање избори, економијата е пред колапс

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Дозволете најнапред...

Јанушев:Дали зад тендерскиот скандал со дрисла има и роднинска спрега, дали е точно дека братучед на Рашкоски го доби тендерот од 12 милиони денари, доделен пак од братучед на неговста сопруга?

Интегрален текст од прес конференција на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Вчера обзнанивме...

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот Суд на Република Македонија за поништување на уредбата со законска сила која се однесува на исплатата на големи пари за поранешните вработени во СЈО

Интегрален текст од прес конференција на Антонијо Милошоски Почитувани новинари, почитувана јавност денес би...

Предлог мерки за помош на спортистите, спортските работници, клубовите и вработените во спортските федерации и објектите за спорт поради пандемијата со вирусот Ковид – 19

Интегрален текст од прес конференција на Влатко Неделковски Почитувани, Jа поздравуваме намерата на владата...

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...