Со пари на граѓаните СДСМ задоволува политички барања во култура

Интегрален текст од прес конференција на Зоран Љутков

Почитувани,

Годишната програма за култура за 2020 година е повеќе од скандалозна. Критериумите по кои се делат парите на граѓаните се политички, а политиката и културата не одат заедно. Затоа три години не постои ниту „к“ од културата која во континуитет тоне.

СДСМ се колнеше во транспарентност, а сега јавноста не знае која национална установа колку средства побарала од државата, а колку добила. Јавноста и културните работници  немаат одговор според кои критериуми биле предвидувани средства за поддршка на проекти или на уметници. Целата постапка се водела нетранспарентно без јасна претстава што и како ќе работат националните институции од културата и за која намена ќе се трошат милионски суми народни пари.

Дополнително кај уметниците и културните работници се јавува сомнеж како се одлучувало кој проект да добие, а кој да не добие средства и поддршка. Така на пример имаме случај во кој на Меѓународниот фестивал „Пеце Атанасовски“ – Долнени, што е 46-то издание по ред годинава, му се доделуваат помалку пари од 29-тото издание Фестивал на преработени и стилизирани албански песни „Кенге јехо“, исто како и на некој КУД „Лулет е Малсис“ „Јануарски Пламен 2020“. За „Гоце Фест“ се одвоени само 100.000 денари, а годинава е 35 годишен јубилеј. И само за споредба ако за „Гоце фест“ се одвојуваат ситни суми, милиони се доделуваат на проекти како „Контрапункт“ во износ од 1 милион денари, Факултет за работи што не се учат од 1 милион и 250 илјади, „Јадро“ во износ од 1 милион и 100 илјади, „Локомотива“ во износ од 1 милион, Центар за современи уметности Скопје во износ од 650 илјади и слично.

Овде нема ниту логика, ниту јасна поддршка на културата во Македонија.

За жал оваа година, како и изминатите три годишни програми сме сведоци на скандалозни одлуки, со кои наместо унапредување на културата и јакнење на институциите гледаме поткусурувања со партиска и политичка позадина. Комисијата која одлучувала за распределба на средствата задоволувала на нарачки и желби, наместо да поддржува реално културни вредности во Македонија.

Министерството за култура, не е и не смее да биде пазар, туку вистински промотор и заштитник на културните вредности.

После 12-ти април културата и уметноста ќе го добијат заслуженото внимание. Ваквото беззаконие не смее да се повтори.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....