Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ разговара со други партии за предизборна коалиција?

Одговор: Видете во однос на коалициите неколку пати имаме повторено, ќе напоменам и сега дека ние наназад подолго време, не е само сега овој период туку и многу подолго од претходно одржуваме одлични комуникации, конструктивни разговори со повеќе политички партии. Во однос на било какви коалиции и се останато најдобро е да почекаме да видиме што  следи во наредниот период. Од она што можам да напоменам  е дека нормално има конструктивни и пријателски разговори со сите политички партии и секоја политичка партија која што е на иста бранова должина со ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја поддржи програмата и визијата на ВМРО-ДПМНЕ  за обнова на Македонија има простор да се разговара за коалиции. Тоа е во однос на коалициите.

Прашање: Дали на листите ќе се најдат нови имиња или ќе одите со старите?

Одговор: Тоа веќе е апсолвирано прашање, неколку пати го имам одговорено, на истото прашање има одговорено и Претседателот  Мицкоски и Генералниот Секретар Јанушев. На листите ќе се најдат и нови луѓе, многу нови луѓе но, нормално е да има и дел искусни луѓе кои што нормално ќе бидат во помал број. Предност ќе имаат нови луѓе, во однос на имињата кои што ќе се најдат на листите не би шпекулирале сеуште со имиња, но можам да напоменам дека тоа ќе бидат луѓе со интегритет, кредибилитет и професионалност во својата област која што ќе ја застапуваат во Собранието и надвор од него. Тоа ќе бидат на некој начин луѓе кои што не се да речеме премачкани со било каков криминал, како што тоа е случај во  СДСМ.

Прашање: Преземате ли одредени активности во врска со начинот на донесување на законот за ЈО и Совет на јавни обвинители со оглед на тоа што пратеничката на ВМРО реагираше?

Одговор: Да, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера, во текот на вчерашниот ден по гласањето во Собранието реагираше за носењето на законите конкретно и поточно за советот за јавни обвинители. Во тој дел нашите правни експерти, правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ разгледува секакви можности, ја анализира ситуацијата и веднаш потоа ќе излезе со конкретен податок, односно со претставка која што ќе биде поднесена до надлежните институции за носењето на овој закон односно за неделовничкото носење на овој закон. Така да веднаш штом излезат со својата анализа ќе се поднесат и претставки до соодветните институции.

Прашање: Која институција би била надлежна за да ја разгледа?

Одговор: Видете тоа не би можел тоа јас да го кажам бидејќи не сум правник, но верувајте дека за многу брзо првниот тим ќе излезе и конкретно ќе каже до која институција ќе поднесе претставки која што е надлежна за носењето односно неделовничкото носење на тој закон.

Прашање: Имаше најави од потпретседателот дека ќе оспорите на Уставен?

Одговор: Да доколку тоа е можно и доколку тоа е  правнички издржано  секако дека ќе се поднесе претставка и до Уставниот суд кој што подоцна ќе треба да се произнесе. Но, сепак затоа реков бидејќи јас не сум правник и не можам да тврдам да почекаме кои ќе бидат анализите на правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ и вендаш потоа ќе се поднесе и претставка до дали Уставен суд или било која друга надлежна институција која што е засегната за оваа проблематика.

Прашање: Дали е јасно, ќе биде само до Џафери или до собранието?

Одговор: И тоа не би можел да ви кажам но сепак нормално е бидејќи претседателот Џафери на собранието ја водел седницата, многу веројатно е да биде до него и до целата пратеничка група односно мнозинство кое што гласаше за тој закон надвор од деловничкото постапување.

Прашање: До пред распуштањето на собранието не доставивте предлог за нов министер, технички министер за труд и социјала. Како ќе се контролира сега овој сегмент за време на изборите бидејќи знаеме дека техничките министри се поставени за контрола на функционирањето за време на избори.

Одговор: Видете од самиот момент од првиот момент кога беше формирана оваа техничка влада која што требаше да се погрижи за минимум услови за фер и демократски избори  јасни беа интенциите и на Зоран Заев и на Оливер Спасовски и на сите други од владата. Интенциите беа да на било кој начин се оневозможи работата на техничките министри и тоа продолжи до самото разрешување на министерката Рашела Мизрахи. Зоран Заев и Оливер Спасовски доколку сакаат да разрешуваат во однос на законите, доколку беа етички и морално како што велат внесени во целата ситуација најпрвин ќе поднесеа барање за разрешување на сите околу нив. Конкретно  Оливер Спасовски ќе требаше самиот да си поднесе барање за разрешување затоа што него го следат десетици сериозни скандали во министерството за внатрешни работи, истото и со Венко Филипче истото и со многу други функционери од владата на СДСМ. Интенциите беа јасни која е намерата да се спречи функционирањето на техничките министри, истите проблеми ги има и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој што инаку е професионалец не ни доаѓа на таа позиција како партиски истурен играч, така да бесполезно ќе беше предлагањето на било кој друг министер затоа што повторно ќе се случуваше истото кое што се случуваше на министерката Рашела Мизрахи.

Прашање: Зошто не предложивте друг кандидат?

Одговор: Веќе ви реков бесполезно ќе беше предлагање бидејќи доколку им беше намерата за правилно функционирање согласно уставот и законите Оливер Спасовски, Зоран Заев веќе одамна ќе предложеа барање за разрешување на министрите околу нив конкретно и Оливер Спасовски самиот ќе требаше да се разреши бидејќи ги следат наназад десетици скандали во секое едно министерство каде што има индиции но некаде и докази за сериозен криминал. Дали се тоа набавките на возила во министерството за внатрешни   последниот случај набавките за пасоши, дали во министерството за здравство криминалните тендери, изградбата на клинички и на стопирањето на изградбата на клинички во Штип и многу други министерства каде што има скандали со сериозен  криминал. Така да интенциите беа јасни да се оневозможи работата на техничките министри од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

           

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....