На денешната собраниска седница обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски. Тој кажа дека парламентарното мнозинство ги носи законите за судство и за совет за јавни обвинители по скратена постапка и на сила.

– Закон за судство, за јавно обвинителство, за совет за јавно обвинители ги носите по скратена постапка со европско знаме на сила. Зар вие мислите дека Европа тоа не го гледа, мислите дека тоа Европа не го цени. И после ќе се чудиме зошто не сме добиле датум за преговори. Ете заради ова не добивме датум, кажа Илиоски.

Илиоски истакна дека уште на почетокот било јасно дека власта не е способна да ги оствари ветувањата кои ги дала на граѓаните пред изборите. Пратеникот дополни дека владата на СДСМ воопшто не треба да се чуди зошто Transparency International ја оценува Македонија како најкорумпирана држава во Европа, а Евростат оценува дека Македонија е хибриден режим. Тој појасни дека тоа е поради фактот што воопшто не се спроведени потребните реформи, потенцирајќи дека владата тоне во корупција.