Арсовски: Русковска и Јовевски да кажат која е улогата на Заев во матните зделки на Боки 13

Интегрален текст од изјава за медиуми – Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев е нервозен и очаен човек. Фатен во криминал, тој на очиглед на целата јавност тргува како на пазар со демократските вредности, правната држава и со државните интереси на Република Македонија. Затоа угледниот Економист, Македонија со Заев ја нарекува хибриден режим. Тоа што аболицираниот Заев ќе посака, тоа парламентарното мнозинство му го удоволува, само да го спаси од идна кривична одговорност.

Зоран Заев брза да донесе Закон за јавно обвинителство за да не може скандалозните аудио бомби да не можат да се користат против него на суд.

Да потсетиме дека во Собранието на Македонија се слушна гласот на Заев како јасно и гласно кажува дека знаел за матните зделки на Боки 13, за изнудата на милиони од бизнисмени со кои се финансирала неговата телевизија, за криминалот со Меѓународниот Сојуз, но и за скандалозната изјава дека тој и функционери на СДСМ му помагале во обезбедување на пари за наводно рекламирање, далеку пред да се обзнани аферата рекет.

Што ли треба повеќе Русковска и Јовевски да слушнат за да ја прошират истрагата за милионскиот рекет. Веќе се наѕира главата на криминалниот октопод, и сите веќе знаат дека таа се наоѓа на Илинденска ББ.

Заев не само што знаел за криминалот, туку има сериозни индиции дека и свесно го помагал, а јавното обвинителство се уште молчи.

Затоа се вели еднаш пазарџија-секогаш пазарџија, без разлика дали се работи за пиперки, бостан и патлиџани, или краставици или право, правда и национални интереси. Пазарџијата Заев сега распродава се за некој ситен бенефит плус, пред да му се затвори тезгата и да одговара кривично.

На 12 април ќе следи одговорот и казната.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....