Заев брза со законот за ЈО, за снимките со кои се открива соработката со Боки да не бидат докази

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев кој коментира се и сешто во Република Македонија, два дена се крие и се обидува да дефокусира од скандалозното аудио кое што беше презентирано во Собранието на Република Македонија. Самиот факт што Зоран Заев молчи, покажува дека тоа што јавноста го слушна е всушност неговиот глас. На оваа снимка се слуша како тој објаснува дека знае како се финансирала телевизијата на Бојан Јовановски Боки 13, знаел за сомнителните зделки со бизнисмени со старечки домови преку Меѓународниот Сојуз, па дури и признава дека тој и неговата партија го помогнале финансирањето на провладината телевизија како што самиот милува да каже со наводни маркетинг услуги.

Почитувани,

Ова е огромен скандал и обвинителството на Русковска и Јовевски не може да останат глуви на целиот скандал, колку и да им е при срце Зоран Заев. Дотолку повеќе што за работењето на Меѓународниот сојуз постои истрага во обвинителството токму за финансирањето на проектите за старечки домови за кои постојат сериозни индиции дека Заев бил информиран и бил  во тек за целиот тој процес. Заев очигледно знаел, но молчел, а постои основано сомнение дека ги помагал овие сомнителни дејности на Боки 13 преку кои се изнудувале милионски суми евра за наводно рекламирање. И премолчувањето и помагањето на криминал е кривично дело секаде во светот, а и тука во Република Македонија.

Сега веќе станува јасно кој бил главата на рекетарскиот октопод. Ние тоа одамна го говоревме, сега стана јасно и се потврди. Сега станува јасно зошто Зоран Заев безглаво брза да донесе закон за јавното обвинителство кој што ќе му овозможи амнестија и со кој вакви и слични снимки нема да може да се земаат како докази во постапките. Замислете, Заев кој сам се прогласи за бомбашот од Македонија, сега бега како ѓавол од темјан од бомбите. Затоа знаат сите дека кој со бомби дојде на власт со бомби политички ќе загине и ќе си отиде. Шверцерските закони како овој за јавно обвинителство се последниот обид на Зоран Заев да се амнестира за сите криминали кои се направени во овие три години откако е на власт СДСМ и откако го има мандатот.

Веќе еднаш аболицираниот, поранешен премиер и никогаш повторно премиер Зоран Заев, кој се извлече и за случаите „Поткуп“ и „Пуч“, сега се обидува да се спаси по кој знае кој пат за најголемиот случај на рекетирање „Рекет“. Ама нема да му успее. 12 април е денот од кој Заев панично се плаши и бега, бидејќи после тој ден следи обновата на Македонија, но и одговорноста за целото криминално работење на Зоран Заев и на оваа влада на СДСМ.

Почитувани,

Времето истекува. Заев може да бега, но нема да побегне од правдата. Следува 12-ти април, ќе поминат изборите и подоцна секој ќе сноси одговорност за направеното.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....