Мицкоски за разрешувањето на Мизрахи: Спасовски наместо да се занимава со таблата нека побара одговорност од Заев кој е главата на октоподот

Оливер Спасовски нема ниту легитимитет, ниту кредибилитет да се повикува на Устав, бидејќи во текот на неговото министерување во многу наврати Уставот и законите се прекршени, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа говорејќи за постапувањето на техничкиот премиер Спасовски во врска со министерката Рашела Мизрахи.

-Единствен кој треба да повика на одговорност е себе си, зошто бил во Влада на аболиран политичар. И гледаме и слушаме во парламентот како во тоа лице се гледа, се дефинира главата на октоподот во случајот Рекет и никому ништо. Никој не ја спомнува таа важна тема. А видовме како главата на октоподот советува еден од осомничените во случајот, гледаме како знае за проектот со старечките домови кои одат преку Меѓународниот сојуз, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и на случајот Рекет 2 во кој Меѓународниот сојуз е во главна улога

-И тука е вклучен тој аболициран политичар и никој не го повикува лицето кое директно корумпира и медиуми и слично. Внимавајте, не го повикува ова лице јавното обвинителство, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....