Николоски: Механизми за притисоци единствено користи Зоран Заев

Во емисија на ТВ Алфа гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Александар Николоски кој што посочи дека СДСМ знаејќи дека ќе изгуби на избори дека граѓаните ќе го казнат на 12-ти април, сега користи секакви маневри дури и клевети како ВМРО-ДПМНЕ вршело притисоци.

-ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и не располага со механизми за вршење на притисоци, време е СДСМ да престане да шири лаги бидејќи веќе не поминуваат кај македонската јавност. Зоран Заев не само што ќе одговара за криминалот кој што го сторил, туку ќе одговара и заради притисоците кои што ги прави врз пратениците. И секогаш крадецот вели  „Држете го крадецот“, така и Зоран Заев малку фројдовски знаејќи дека тој ги прави притисоците излегува и во јавноста вели дека ВМРО-ДПМНЕ правело притисоци, истакна Николоски.

Николоски запраша како е можно ВМРО-ДПМНЕ да прави притисоци кога е опозиција?

-Кои механизми една опозиција може да располага за да може на било кого да прави притисок. Ќе му ветиме на некого вработување, ќе му ветиме на некого тендер? Ќе му се заканиме дека полиција ќе му отиде во 3 часот наутро? Ќе му се заканиме дека нешто ќе му се случи во суд или во обвинителство? Такви механизми има Заев, немаме ние, нагласи Николоски.

Николоски заклучи дека е смешно СДСМ да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека врши било какви притисоци. И тоа воопшто не вреди да се коментира.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.