Власта на шверцерски и криминален начин ја силува парламентарна демократија во Македонија наметнувајќи законски решенија спротивни од интересите на граѓаните

Соопштение до јавноста

Власта на шверцерски и криминален начин ја силува парламентарна демократија во Македонија наметнувајќи законски решенија кои се спротивни на интересите на македонските граѓани.

Гласот на пратениците и граѓаните кои ги претставуваат е злоупотребен, правото и правдата се на распродажба, а се повторуваат сите оние немили сцени кога се купуваа, уценуваа и притискаа пратениците.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев заедно со неговата криминално рекетарска банда преку новото законско решение за законот за обвинителство се обидуваат по секоја цена да издејствуваат амнестија за криминалите кои тој и неговата банда ги сторија изминатите 3 години.

Новиот закон кој на сила власта сака да го донесе, ќе ги амнестира фунцкионерите кои се богатеа на грбот на граѓаните, преку криминални тендери и грантови. Ќе ги амнестира сите оние зделки во 4 очи, зделки при кои беа злоупотребени парите на граѓаните.

Зоран Заев е свесен дека по 12 април неговата политичка кариера е завршена. Тој се плаши од реформирано и професионално обвинителство кое ќе ги процесуира сите негови криминали, поткупи, рекети, закани и злоупотреби.

ВМРО-ДПМНЕ апелира новото законско решние да го креираат експерти бидејќи само така во Македонија може да се врати правдата и да завладее правото. Само закон позади кој стојат експертите и правната фела може да ја доближи нашата држава до Европската Унија и да обезбеди подобро утре за сите нас.

После 12 април нема веќе амнестија за криминалот. Со обновата на Македонија, почнува одговорноста за стореното и еднаквоста пред законите.

Зоран Заев никогаш повеќе.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....