Јанушев: Зошто власта молчи за камионите во Дрисла кои возеа без таблици, а кои припаѓаа на струмичкиот клан на власт и превезуваа отпад ?

200 милиони евра од Заев и власта на СДСМ за фирмата Еко, а за граѓаните крв, лешеви од животни и медицински отпад по реките. Од друга страна, криминално-рекетарската банда на власт молчи за тоа што од 9 компании што користат нафтен кокс, 5 се на Заеви.

Кога станува збор за Дрисла, зошто не се соопштува дека до пред половина година заменик директор на компанијата беше “прочуен струмички кадар” од кругот на Заеви, а член на управен одбор е координаторот на советниците од СДСМ? И двете позиции со месечни примања од 1500 до 2000 евра.

Зошто Власта молчи за камионите кои во Дрисла возеа без таблици, а кои припаѓаа на струмичкиот клан на власт и превезуваа отпад?

Кога последен пат е направена инспекција од државните органи за работата на Дрисла и другите загадувачи. Цементара кога ќе биде подложна на испекција?

Се молчи зошто криминално-рекетарската банда краде од парите на граѓаните. 12 април е крајот на криминалот и почетокот на Обновата на Македонија – напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....