Мисајловски: Со предлог законот за ЈО, СДСМ и Заев сакаат да се заштита од криминалите и корупцијата

Ние сакаме да се донеси Закон за јавно обвинителство, но сметаме дека правната фела треба да се вклучи целосно. Има доста забелешки, има доста критики на законот и не е јасно зошто власта не сака да прифати ниту една критика од она што го кажуваат најстручните луѓе, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во гостување во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Мисајловски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Законот за јавно обвинителство само доколку истиот е составен од најеминентните луѓе, додавајќи целта на СДСМ со предлог законот е да формира ново СЈО кое што ќе ги штити криминалните афери и скандали на СДСМ.

-Нашето барање е да се состават најпрофесионалните и најквалитетните луѓе од фелата , се со цел да се донесе еден европски Законот за јавно обвинителство, а ние ќе го поддржиме. Не ни е јасно зошто СДСМ толку многу брзо со донесување на овој закон, а од друга страна сака да направи едно ново Специјално јавно обвинителство каде што ќе оживеат старото СЈО, а од друга страна се што направија овие три години се криминали, афери, скандали и имаат луѓе што таму ќе ги заштита. Тоа е целта на овој закон, нагласи Мисјаловски.

Мисајловски смета дека Законот за јавно обвинителство мора да е европски закон, применлив и во интерес на граѓаните, а не во интерес на криминалот и уцените.

-Се разбира ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара за овој закон и многу пати тоа сме го покажале. Ние не сакаме заштита на никаков криминал, единствено сакаме да се донесе закон кој што биде добар, применлив и во интерес на сите граѓани. Треба целосно да се гонат сите оние криминали од минатото и сега, но да се внимава да не се затскриваат сите афери од страна на СДСМ кои што сега ги прави и сакаат повторно тој тим кои што си го избраа да биде нивниот тим за повторно да го гони ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна тие да се заштитени. Тоа нема да се дозволи, порача Мисајловски.

Во однос на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за обнова на Македонија, Мисајловски е дециден дека обновата на Македонија мора да се случи бидејќи во овие три години од владеење на СДСМ нема никакви капитални инвестиции и проекти, ниту пак решавање на проблемите на граѓаните.

На Македонија и треба обнова бидејќи е разурнат системот. Ние моментално сме прогласени за најкорумпирана земја во Европа.

Корупцијата е длабоко навлезена во институциите Обновата на Македонија ќе се случи бидејќи е потребно капитални инвестиции, изминатите три години немаме ниту една капитална инвестиција, ветија клинички центар нема ништо од тоа, ветија многу автопати и од тоа нема ништо, ветија многу детски градинки и од тоа нема ништо. Проблемите на граѓаните мора да се решат, а јасно е дека оваа власт не ги решава, кажа тој.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....