Јанушев од Виница: Ветуваме многу работа и ангажирање на сите расположливи капацитети

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Продолжуваме со посета на населените места во рамки на акцијата која што ја најавивме и која ја спроведуваме каде што ги посетуваме буквално, буквално сите населени места.

Денес сме во Виница и виничко, овде во Истибања и ќе ги посетиме населените места Јакимово и Градец. Разговараме со граѓаните и едноставно можеме само да потврдиме во која состојба, во какви услови живеат. Условите се повеќе од лоши, условите се катастрофални, а  за тоа има само еден виновен. Еден човек е крив за сите овие работи, негативни кои што се случуваат во Република Македонија и тој човек има име и презиме. Тој човек е Зоран Заев.

Од она што имав прилика денеска да го видам и од разговорите со граѓаните дефинитивно можам уште еднаш да потврдам дека поразот кој што следува  на СДСМ и Зоран Заев на 12 Април е неминовен.

Граѓаните укажаа на буквално очајно лошите услови за живот. Она што ниту локалната, но ниту централната власт не мрднала со мал прст  да ги подобри, да создаде подобри услови  за живот. Сето тоа ќе се промени после 12 Април. Ветуваме многу работа, оставање буквално на сите наши капацитети на располагање. Обновата дефинитивно доаѓа после 12 Април во нашата држава.

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.