Мисајловски од Старо Нагоричани: Ќе го посетиме секој дом, Обновата ќе ги обедини сите граѓани

Денеска сме заедно со граѓаните на општината Старо Нагоричане.

Велат од кога СДСМ е на власт, посетувани се од владините функционери само во предизборните кампањи. Ветувани им се многу работи, ама како и насекаде во државата, затајува реализацијата.

Сакаме да разговараме со сите граѓани, да дојдеме до секој еден граѓанин и да го посетиме секој дом. Да се соочиме со пропустите, со проблемите, со маките и со предизвиците. Да ги презентираме нашите идеи, визии и решенија за нив. Обновата на Македонија е програмска платформа која ги обединува сите граѓани преку заедничкиот интерес, подобар и полесен живот.

ВМРО – ДПМНЕ покажало во минатото, а ќе покаже и сега дека системски може да ги подобри условите за живот во сите области.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.