Дали знае Златко Марин дека во општината се градат дивоградби, без издадена потребна документација?

Интегрален текст од изјава за медиуми на Пане Антовски

Почитувани,

Во општина Аеродром функционира само криминалот и ништо друго.

Се наоѓаме пред градилиште, каде што инвеститор повеќе од еден месец гради нов објект – колективна зграда, без издадено правосилно одобрение за градење. Иако е обврзан согласно закон да истакне табла со датум и број на издадено одобрение за градење, како што може да забележите освен импровизирана ограда, на лице место не може да се забележи ништо друго.

Како советничка група побаравме инспекцијата од општина Аеродром да изврши увид на лице место и да ја констатира фактичката состојба, меѓутоа и по една недела молк.

Дали причината за непостапување на општинската администрација е тоа што еден од инвеститорите е и Бранислав Јаргиќ? Во каква роднинска врска е ова лице со претседателот на совет на општина Аеродром, Ивана Цветковска, претходно Јаргиќ?

Зошто во период на најголемо загадување во Аеродром, општината дозволува блиски луѓе на власта, самоволно, спротивно на закон, да изведуваат градежни активности и притоа да придонесуваат дополнително за енормно загадување во општината?

Дали Златко Марин освен местење на криминални тендери, како што е последниот случај со топлиот оброк за учениците во целодневна настава, работи и нешто друго? Дали знае дека во општината се градат дивоградби, без издадена потребна документација?

Почитувани,

Општина Аеродром од најпосакувана општина за живеење, стана општина во која не се обезбедени основните услови за живот и нормално функционирање на граѓаните. Нема инвестиции во инфраструктура, нема нови училишта и градинки, нови паркови. И тоа што непречено се одвиваше успеа да го растури. Родителите на учениците се сведоци на проблемите со кои се соочуваат оваа учебна година, почнувајќи од проблемите со униформите, учебниците, немањето обезбедување и последното немањето на топол оброк.

Повеќе од очигледно е дека Златко Марин и СДСМ единствено се грижат за нивните блиски да се вработат во администрацијата и да изградат зграда повеќе, макар тоа да е и спротивно на законот.

На ова самоволие мора да има крај.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....