Манаскова: Кредибилитетот на СДСМ значително се намалува и затоа бегаат од избори

Според пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова рејтингот и кредибилитетот на СДСМ значително се намалува и опаѓа и за тоа Собранието мора да се распушти на 12 февруари и тие треба да престанат да ја уценуваат парламентарната демократија со законот за Јавното обвинителство.

-Пречка во Собранието и условување за распуштање на Собранието е законот за Јавното обвинителство. Што според нас, односно според ВМРО-ДПМНЕ дефакто значеше и своевидно бегање од избори. Затоа сакавме со иницијатива, која што ја поднесовме во текот на вчерашниот ден, формално-правно да се осигураме дека Собранието ќе се распушти, затоа што при договорот за предвремени избори се знаеше сосотојбата со законот за ЈО и постигнувањето на таков договор би бил невозможен. Од таа причина сметам дека кредибилитетот на СДСМ опасно еродира и Собранието треба да се распушти на 12 февруари, посочи Манаскова.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.