Шилегов и Филипче мора да понесат одговорност за хаосот и хоророт во Дрисла

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Марија Андоновска 

Почитувани,

Власта е во хаос, а хаосот што го продуцираат Шилегов, Макрадули и Филипче граѓаните го плаќаат со сопственото здравје.

Откако вчера беше обелоденето дека медицински отпад непрописно се третирал и носел во Дрисла, кучиња јаделе човечки органи и друг вид медицински отпад, а водата истекувала во река Вардар, надлежните креираат дополнителна конфузија, бегаат од одговорност и внесуваат уште поголем страв во јавноста.

Шилегов не убедува дека контролите на надлежните инспекторати не покажале неправилности, а министерот за здравство Венко Филипче го нема никаде. Го нема да одговори и да објасни, дали воопшто знае што се случува и каде завршува медицинскиот отпад!

Почитувани,

Градоначалникот Петре Шилегов, денес наместо да одговори на јавноста за хоророт што се случува, направи дополнителен хаос. Шилегов само отвори дополнителни прашања, во обид да се изземе од одговорност за она што се случува изминативе две ипол години откако е тој прв човек на градот. Јани Макрадули исто така молчи околу инспекциите и папагалски ни повторува дека „се е под контрола, се проверува“?!

Шилегов, Макрадули, надлежни инспектори што контролирате, што ви е вас под контрола?!

И на крај, ама не помалку важно каде е јавното обвинителство, кога ќе се разбуди од зимскиот сон? За ова уште вчера требаше да има одговори и одговорност од надлежнитe.

Почитувани,

Одговорност за овој хорор со кој што се соочуваат граѓаните на Република Македонија ќе има. Ќе има по 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада и ќе започне обновата на оваа држава.

СДСМ никогаш повеќе!

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....