Мицевски:Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог на Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог на Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Оваа одлука ја предлагаме бидејќи и покрај исполнетоста на сите услови за одржување на предвремени избори за пратеници, деновиве гледаме како лидерот на СДСМ, Зоран Заев се обидува да избега од истите со поставување на услови за носење на закони кои, само од нему познати причини, претставувале услов за оддржување на изборите.

За неполни три години СДСМ направи штети со несогледливи последици што се однесува на државните и национални интереси, но и штети кои што секојдневното живеење на граѓаните го прават скоро невозможно.

Како никогаш досега Македонија не била поподелена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален основ, ниту по граѓански основ и тоа мора да запре.

Република Македонија е доведена до степен на потчинетост поради недостоинствени прифатени предлози, разочарувања, никакви реформи во економијата, катастрофи во здравството, нема никакви реформи во образованието, континуирано осиромашување на граѓаните, инавазија на иселување, деморализирање и потеценување на граѓаните без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност, загрозување на животната средина, непочитување на Уставот.

Од страна на Транспаренси Интернешнл сме прогласени за најкорумпирана земја во Европа.

Според угледното списание „Економист“ Република Македонија е оценета како хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим што претставува исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава.

Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција.

Ветувањата на СДСМ за задржување на младите во државата паднаа во вода. Македонија се наоѓа на третото место во светот по стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години.

Време е граѓаните на Република Македонија да одлучат во кој правец сакаат да се движи Македонија.

Македонија мора да тргне по патот на реформите, не е доцна, но дефинитивно е јасно дека тоа нема да се случи додека нашата земја е под неспособното водство на Зоран Заев и СДСМ.

Бегањето од избори на Зоран Заев е бегство од соочување со одговорноста. Со ова се докажува дека е подготвен целата држава да ја стави во заложништво, само за да се обиде да се спаси себеси.

Македонија не смее повеќе да биде заложник на партиските интереси, суетите на одредени министри и стравот на Заев од соочување со одговорност.

Токму затоа бараме распуштање на Собранието на Република Македонија и предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе си ја вратат државата назад и ќе одлучат да ги водат чесни и сериозни луѓе и луѓе кои пред се ја сакаат оваа земја. Политичари, кои пред се ќе имаат легитимитет од страна на граѓаните и во наредните  години ќе ја водат Република Македонија напред.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....