Николоски: Корупцијата во Македонија зема меѓународни размери, нашите меѓународни пријатели се интересираат за ситуацијата во Македонија

Интегрален текст од обраќање на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Во рамките на Политичкото Собрание на Европската Народна Партија во овие два дена информираме за криминалот и корупцијата која што за жал се случуваат во Македонија. Истите достигнаа меѓународни размери, така поранешниот премиер Заев во друштво со поранешниот премиер на  Малта, Мускат и премиерот на Албанија, Еди Рама решиле да ги приватизираат за без  пари здравствените системи во Македонија, во Албанија и во Малта. Врвен корупциски скандал каде што е вклучен сомнителен  бизнисмен од Либија за кој што се верува дека работи со сомнителни пари. Тоа е нешто  за што се заинтерсира и Европа и тука во Брисел прашуваат за повеќе информации и повеќе детали со цел да може да се покрене и една поширока истрага околу целата оваа работа.

Тоа само покажува колку Македонија тоне во криминал и корупција, колку СДСМ и Заев ја уништија Македонија. На тоа ќе ставиме крај.

Ги информиравме нашите пријатели од Европската Народна Партија за програмата која што ВМРО-ДПМНЕ  ја спрема за следните парламентарни избори кои што ќе се одржат на 12 Април, иако Заев сака да избега од нив, ги информиравме за обидот да избега од истите  затоа што е свесен дека  ќе биде сериозно поразен и ги информиравме за двата главни столба на таа програма, а тоа е економски напредок и воведување на функционален систем на владеење на правото.

Во едно партнерство помеѓу Европската Народна Партија, најсилната партија во Европа и ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе добие датум  за почеток на преговори во оваа 2020 година. Ова нема да е изгубена година за Македонија и во едно силно темпо на  реформи ќе успееме да го надокнадиме ова време кое што го изгубивме со Зоран Заев.

Со нашите партнери ќе продолжиме да дискутираме, сакаме да ги чуеме и нивните мислење околу позитивни искуства кои што можеме да ги имплементираме во Македонија во сите сектори особено во образованието, во здравството, во социјалата и во земјоделието каде што Европската Унија  е најсилна.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....