Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на пензионерите

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференција на Милан Живковиќ.

СДСМ безуспешно се обидува да манипулира со пензионерите. Јасно е дека Власта се обидува пред избори да го ублажи поразот кој им следува на претстојните предвремени парламентарни избори.

Со новите мерки СДСМ сака да го прикрие фактот дека пензионерите всушност се оштетени од катастрофалните политики во изминатите години на оваа неодговорна власт. Всушност не станува збор за никаков раст на пензиите туку за евтин политички маркетинг. Тие кажуваат дека ги зголемиле пензиите за пензионерите, а го премолчуваат фактот пред тоа им ги скратија пензиите по законот за порамнување на пензиите.

Со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ во првите 6 месеци од 2019 одзема 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019 одзема дополнително 705 денари месечно. Вкупно во 2019 година СДСМ на пензионерите им одзеде 6900 ден или по 575 денари месечно.

Со кратење на пензиите на пензионерите се скратија и вкупните примања во голем број на семејства, ако се земе фактот дека поради погрешните политики на СДСМ во Македонија се уште има голем број млади невработени лица ги чекаат пензиите на своите баби и дедовци како би го сврзале месецот крај со крај.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на пензионерите како што навистина заслужуваат.

Интересот на граѓаните е пред се. Народот знае да процени и затоа СДСМ ќе биде казнет на изборите на 12 април.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....