Комисија за здравство: Министре, дадовте ли насоки, подготвен ли е реално системот за справување со коронавирусот?

Интегрален текст од објава на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ:

Денес, светските медиуми објавуваат информација за првиот смртен случај од инфекција со корона висур надвор од Кина. Тоа е податок кој потврдува дека епидемијата продолжува да се шири глобално.

САД објавија дека сите патници кои што ќе допатуваат од Кина ќе бидат во обврзен карантин во период од 14 дена. Останатите земји воведуваат превентивни мерки.

Кај нас министерот за здравство Венко Филипе уверува дека надлежните институции се подготвени за справување со корона вирусот. Но, не кажува како, не дава детали што се важни за секој пациент. Кој е начинот за постапување при симптоми сомнителни за корона инфекција. Не дава информација како ќе биде детектиран вирусот кај оние пациенти кои што се со симтоми. Се уште не се испратени информации до сите делови од системот како треба да реагираат. На пример, кога ќе се добијат реагенси за тестирање на корона вирусот.

За справување со ваков тип на епидимеии потребен е сериозен пристап и вистинска организација. Во прирачникот Систем за управување со кризи, Прирачник за граѓаните се вели дека треба прецизна организациска и институционална поставеност на системот за управување со кризи.

Министре, дадовте ли насоки? Подготвен ли е реално системот?
Апелираме за сериозен пристап.

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.