Одговори на новинарски прашања од прес конференција – Наум Стоилковски

Одговори на новинарски прашања, Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање: Што се случува во однос на ВМРО-ДПМНЕ со законот за јавно обвинителство дали по препораката на Mинистерката за правда доставивте амандмани или не го сторивте тоа. Како ќе реагирате во следниов период?

Одговор на Наум Стоилковски: Што се однесува до законот за Jавно обвинителство, не знам за какви поднесување на амандмани зборува министерката со оглед на тоа што текстот по кој се водеше јавната расправа во собранието и по кој експертите ги дадоа своите видувања и своите заклучоци се уште е драфт верзија која не е дадена како предлог текст до Собранието на Република Македонија. Ако зборува за оној предлог текст кој што е во собраниска процедура веќе имаше поднесено амандмани и дел од нив беа прифатени така што не знам на што се однесува и на кој дел и на кој предлог текст се однесува ставот на министерката Рената Дескоска.

Новинарско прашање: Во понеделник ќе одите вие на средба?

Одговор на Наум Стоилковски: Апсолутно, доколку постои воља од страна на власта која што и треба да ги организира тие средби апсолутно дека ќе останеме на тоа.

Новинарско прашање: Вчера од ДУИ го доставија предлог законот за Ветинг до собрание дали сте информирани што се пишува во овој предлог закон и ако да дали ќе го подржите ?

Одговор на Наум Стоилковски: Ова е една многу тешка и важна тема која што нели ја спомнавте како закон за Ветинг како нов систем во Република Македонија, но сепак сметам дека е несериозно на 10 дена пред распуштање на парламентот да се води дискусија по еден таков предлог законски текст.

Новинарско прашање: Вице премиерката Мила Царовска објави зголемување на пензиите за 722 денари, тоа се должело на стабилизација на пензискиот  фонд. Како гледате на ова покачување?

Одговор на Наум Стоилковски: Ова е уште едно од манипулациите на власта сега во предизборие да зборува за некаков раст на пензиите иако на сите им е јасно и неколку пати е повторено дека пензиите всушност не растат туку се скратени и објаснета е таа методологија и тоа им е јасно и на пензионерите и на корисниците на пензиите и на сите оние што имаат допир со пензионери во нивното семејство јасно име и на  власта која што се труди од петни жили сега да вели дека станува збор за пораст на пензиите а всушност станува збор за кратење на пензиите бидејќи согласно онаа методологија која беше изменета наместо растот сега како што велат 700 денари требаше да има раст од над 1100 денари по пензија, што значи дека пензиите се скратени за некаде 400 денари. Тоа се случи заради она интервенирање и менување односно тргање целосно на еден од оние двата столбови по кои се пресметуваше растот на пензиите. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ можам да гарантирам согласно она кое што е определба на ВМРО-ДПМНЕ, дека ќе го врати она зголемување на пензиите и дека ќе го врати оној правичен пристап кон пресметка на растот на пензиите со доаѓање на власт на 12 април.

Новинарско прашање: Од министерството за правда велат дека дел од партиите доставиле амандмани за законот за јавно обвинителство дел побарале време поради Жан Моне процесот кој што е во тек. Како ќе се поставите ако во понеделник работната група има средба и дали е можно законот да се изгласа пред да се распушти парламентот?

Одговор на Наум Стоилковски: Ќе кажам уште еднаш, не знам за кој закон зборува министерката Рената Треневска Десковска. Драфт верзијата, текстот по кој се одвиваше јавната расправата по кој експертите дадоа свое видување и тоа треба да биде темел за иден предлог законски текст. Нема предлог законски текст не е направен тоа е драфт верзија од кој што треба да произлезе предлог законски текст за да потоа во Собрание може да се достават амандмани така што апсолутно не може да кажам за што мисли министерката. Доколку мисли за законскиот предлог текст кој што е во собраниска процедура ВМРО-ДПМНЕ има поднесено амандмани и дел од нив се прифатени. Она што велите дали може, апсолутно може нека го прифатат текстот што беше поднесен од ВМРО-ДПМНЕ апсолутно веднаш ќе биде изгласано.

Новинарско прашање: Дали знаете што пишува во тој предлог Закон за ветинг има некоја страна на која не давате подршка?

Одговор на Наум Стоилковски: Доколку ДУИ како дел од владеачката коалиција беа сериозни ова можеа да го поднесат да речеме некаде на почетокот на мандатот на оваа актуелна власт што сега е во заминување да се поднесе ваков предлог законски текст на 10 дена пред распуштање на 7 работни дена до распуштање на парламентот за изборите кои се веќе договорени пред 3 месеци дека ќе се случат на 12 април е несериозно и апсолутно не мислам дека е период кога можат да се дадат сериозни забелешки да се изгласа еден ваков закон.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....