Јанушев: Криминалците на власт не знаат што е мотика, и не знаат што е мака

Народот вели “сит на гладен не верува”, а како да верува кога СДСМ и Заев се посветени на правење на милиони, а најомилен спорт им е рекетот, вели во својата објава на фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој исто така напиша дека изјавата која ја слушнавме “Бегај подалеку од мотика” е мотото на потпретседателот на СДСМ, истото е типично за СДСМ, арагонтно и елитистички. Но, и огромна навреда за земјоделците, оние кои со мака и пот го заработуваат лебот.

Тој вели дека поради истата лукративност сакаат и да им ја земат мотиката на луѓето кои со своите две раце создаваат за своето семејство.

-И Заев, и Дамјан, и Љупчо, и оној министер за земјоделие што и името не му се знае, треба да знаат дека на 12-ти април доаѓа поразот од оние кои имаат мотика во рацете и кои сега ги навредивте. Нивниот глас највеќе ќе ве боли. Не се трудете да замачкате очи со “забрефтаната PR” машинерија, тие паметат и ќе вратат. Од мотиката ќе загубите, напиша Јанушев.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.