Андоновски: Дане Талевски да одговори зошто не се појави на закажаната одбрана на тези пред неговото именување за Амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел?

Интегрален текст од изјава за медиуми – Стефан Андоновски

Почитувани,

СДСМ ја срами Република Македонија пред нејзините најважни партнери – НАТО Алијансата.

Македонија и македонската дипломатија не може да бидат респектибилен меѓународен партнер се додека се водени од луѓе како Зоран Заев и Никола Димитров.

Катастрофалната персонална политика во МНР резултира со нови гафови.

Заев и Димитров си поигруваат со државата,  кога нивните предлози за амбасадори си поигруваат со процедурите.

Несериозно и срамно е однесувањето на Дане Талевски, советникот за меѓународна политика на Заев кој не се појави на закажаната одбрана на тези пред неговото упатување во Брисел.

Скандал кој ретко или никогаш не се случува во кариерата на професионалните дипломати.

На овој настан, Талески требаше да ги брани дипломатските тези во врска со неговото именување за Амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Ако Талевски немал тези или не стигнале да му ги напишат, би било почесно да си признае.

Со ваквото скандалозно непојавување се покажува дека заложбите на Владата на СДСМ за зачленување на Македонија во НАТО се декларативни и паушални. Кога треба тоа да се одработи во пракса, СДСМ има капацитет само за афери кои земјава ја прават несериозен партнер на најмоќната светска воена организација.

Прашуваме, зошто се случува ова откажување, кога СДСМ вели дека треба да се забрза пополнувањето на амбасадорското место во НАТО непосредно пред очекуваниот ден за прием на Македонија во Алијансата?

Дали е тоа затоа што Талески нема добиено безбедносен сертификат, односно владата и МНР премногу доцна ја почнале процедурата за негово испраќање во седиштето на НАТО?

Дали при проверките може да се утврди дека Талески имал блиски контакти со претставници на други служби, па постои можност за уште поголем срам, односно тој да не добие „зелено светло” од државите членки?

Дали можеби се работи на внатрепартиско-владин судир на линија Заев, Спасовски, Димитров, Пендаровски кој го вклучува Талески?

Или пак се работи за прекршувањата на процедурите од неспособност за што алармираат македонските дипломатските синдикати?

Го прашуваме министерот Димитров дали запирањето на постапките се случува затоа што го исплаши тоа што медиумите открија дека и други именувања на амбасадори се прават со прекршување на законски уредените процедури, во врска со двојни државјанства и други недостатоци, за кои тој треба да одговара затоа што ставил потпис?

Почитувани,

СДСМ треба да преземе одговорност за срамот што и го намесува на Република Македонија во најстратешките институции со кои соработуваме и сме партнери.

За среќа, по 12 април и Обновата на Македонија, нашите партнери ќе го имаат вниманието и почитта кои ги заслужуваат.

За доброто на Македонија, Зоран Заев и СДСМ, никогаш повеќе.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....