Пресвртот за кој говори Оливер Спасовски се вика економски пропаст и најкорумпирана држава во Европа

Соопштение до јавноста реакија на Фејсбук статусот на Оливер Спасовски

Пресвртот за кој говори Оливер Спасовски се вика економски пропаст и најкорумпирана држава во Европа.

Спасовски е најдобар пријател на криминалците во Македонија, а пресвртот се вика пад на индустриското производство од 5,9%.

Со Спасовски и Заев блеска само корупцијата во Македонија. Криминално рекетарската власт предводена од СДСМ ја смести Македонија на 106 место по корупција на Транспаренси Интернешнл во друштво на Монголија и Брег на Слонова коска.

Пресвртот на Спасовски го потврди и угледниот весник „Економист“ кој ја смести Македонија во земји кои немаат демократија туку хибриден режим. Тоа е така затоа што во Македонија не владее правото  туку владеат криминалците и рекетарите.

За резултатите на СДСМ во економијата говори фактот дека над 500.000 граѓани во Република Македонија не можат да си дозволат корка леб, над 70% земаат плата помала од просечната.

Додека Спасовски ги лаже граѓаните за некакви си економски резултати, реалноста е дека во три години ништо не сработија, а постојано се задолжуваат. Долгот со СДСМ ја надмина психолошката граница од 50% од БДП, а во меѓувреме не е реализиран ниту еден капитален проект кој ќе значи развој на државата.

Со Спасовски и Заев единствено пресврт добија кланот Заев и нивните најблиски соработници кои ги добија сите тендери, грантови, а од поново време и лиценци за марихуана.

Од СДСМ граѓаните добија само беда, сиромаштија, порази и понижувања. Заев и СДСМ се виновни за поразите и пропаста на Македонија, затоа после 12 април заминуваат од власт и ќе одговараат пред законите. Зоран Заев никогаш повеќе!

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....