Николоски: СДСМ да ги прифати забелешките на ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот за Јавно обвинителство со цел обезбедување на правда во државата

Во вестите на Канал 5 гостин беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Аклександар Николовски. Во однос на законот за Јавно обвинителство Николовски истакна дека во текот на утрешниот ден ќе се одржи нова расправа помеѓу работните групи и очекува СДСМ да ги прифати сите забелешки кои ВМРО-ДПМНЕ ги има во однос на законот. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ исто така појасни дека најголемиот дел од забелешките кои ВМРО-ДПМНЕ ги има во однос на законот се впрочем исти со оние на најголемиот дел експерти кои вчера дискутираа во Собранието на Република Македонија.

“Ние бараме СДСМ да го послуша Правниот факултет, односно професорите кои учествуваа на јавната расправа. Впрочем нашите барања се многу слични со оние на професорите од Правниот факултет. Тоа не е поради некаква соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и професорската фела, туку поради вредностите кои тие вчера ги кажаа на јавната расправа, со цел изготвување на солиден закон за Јавно обвинителство”, додаде Николовски.

Николовски образложи дека е нормално тоа што СДСМ и Зоран Заев го прават во моментов држејќи ја ваква ситуацијата во врска со законот за Јавно обвинителство, бидејќи сакаат да си ја спасат сопствената кожа и кожата на блиските соработници преку кои правеле криминал изминатиот период. Зоран Заев и СДСМ се чувствуваат безбедни додека ваквото Јавно обвинителство ја има палката кај себе. Сведоци сме дека главниот на целата мрежа која правела рекет, Зоран Заев, се чувствува комотно и не чувствува воошто страв. Ваквото Јавно обвинителство нема сила да го повика ниту на распит, камо ли да се отпочне било каков процес против него.

На Република Македонија и е потребно ново, реформирано судство, кое ќе обезбеди правда во државата, заврши Николовски.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....