Јанушев: Криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ направи девастација на македонското општество во сите сфери

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Денес сме во посета на Берово и Пехчево, се среќаваме со граѓаните, се среќаваме со бизнис заедницата, разговараме со сите во однос на нивните проблеми кои што  се соочуваат во последните три години.

Она што го зборуваме веќе во овој период континуирано тоа се покажува  и во средбите буквално со  сите оние кои што  се среќаваме. Народот е едноставно незадоволен, на народот му е преку глава од ова што го живеат во овие три години.

Криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ буквално направи девастација на македонското општество,  буквално во сите сфери.

Бизнисот стагнира, економијата и финансиите се во една очајно лоша ситуација. Со земјоделието се случува истото, а да не зборуваме за здравството и образованието.

Она што граѓаните го гледаат, она што луѓето кои што живеат овде во Република Македонија и особено во овој регион на Берово и Пехчево гледаат една надеж, една светла точка  во ВМРО-ДПМНЕ и она што можеме да го ветиме пред граѓаните дека со работа, работа и многу работа  ќе ја донесеме после 12 Априла обновата во Република Македонија.

 

 

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....