Манаскова: Пи-ар пропагандата на СДСМ единствено шири лажни вести

Магдалена Манаскова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисија „24 Анализа“ каде што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е конструктивна опозиција која што ги гласа законите кои се за доброто на граѓаните иако власта шири лажни вести само да наштети на партијата.

Би сакала да истакнам дека она што го говори пи-ар пропагандата на Социјалдемократскиот сојуз во однос на нашето наводно блокирање на закони во Собрание и на одредени процеси апсолутно е неточно, нагласи Манаскова.

Манаскова образложи и пример за тоа како пи-ар пропагандата на власта шири лажни вести.

Доколку не беше опозицијата пратениците на Социјалдемократскиот сојуз не можеа да обезбедат мнозинство за да го изгласаат толку најавуваното покачување на минималната плата. Без опозицијата ниту еден од законите кои што го тангираат целокупното население на Република Македонија во овој парламентарен состав апсолутно не можеше да помине. Не знам зошто се оди на таква пропаганда, кога еве и вие како новинари и како медиуми полесно може да проверите дека апсолутно не е точно ништо што се однесува до таа пропаганда дека ние блокираме закони или оневозможуваме донесување на одредени закони. Таков е и примерот со конкретниот закон за однос меѓу заедниците за кој што говориме опозицијата уште од самиот почеток кога законот влезе во собраниска процедура во матичната комисија за политички систем и однос меѓу заедниците, активно се вклучи во подобрување на текстот на ова законско решение. Имаше јавна расправа на која што исто така беа изнесени одредени забелешки од страна на присутните експерти и веќе во второто читање ние како опозиција имавме и одредени амандмани со цел да влијаеме на едно подобро законско решение, појасни Манаскова.

Манаскова додаде дека на крај се донесе законот со поддршка на опозицијата. Тоа само докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е конструктивна опозиција.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....