ЈО мора да истражи која била цената и колку Заев ги платил изборните гласови купени од командант на УЧК

Соопштение до јавноста

Јавното обвинителство мора да истражи која била цената и колку Заев ги платил изборните гласови купени од командант на УЧК. Јасно е дека командантот Баци не му помагал со изборни гласови на Зоран Заев заради убавина или уметнички впечаток, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение до јавноста.

Од партијата истакнуваат дека или се тргувало со пари или се тргувало со највисоките национални интереси. Одговорот треба да го дадат истражните органи доколку успеат да се ослободат од сервилноста на Јовевски и Русковска.

„Криминалите на Зоран Заев и СДСМ немаат крај. Целата македонска јавност го гледа вистинското лице на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Според последните сознанија на италијанскиот медиум „Ла Верита“ Зоран Заев од поранешен командант на УЧК купил 5 илјади гласови. Според  „Ла Верита“,  договорот е направен благодарение на Захир Бекири Чауш, кој имал директна комуникација со шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници . Чауш своето влијание го губи во 2016 година кога при претрес полицијата кај него дома наоѓа околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши, лични карти, но и оружје.“, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат  дека правдата е бавна, но никој не побегнал од нејзе, па така нема ниту Зоран Заев да побегне.

„Одговорност за криминалите на Заев и СДСМ мора да има. Ќе одговараат сите кои се огрешиле пред законот како и оние кои што наместо да го гонат се ставиле во одбрана на истиот! Граѓаните на 12-ти април ќе му пресудат на Зоран Заев и ќе му порачаат никогаш повеќе.“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....