Ѓoрчев: За да се реши проблемот со загадувањето потребно е оваа неспособна влада на СДСМ да си замине

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за загадувањето во државата, односно за загадениот воздух кој граѓаните секојдневно го дишат.

Уште еднаш Скопје и другите градови се најзагадените градови изминативе три дена во светот. Сите овие мерки во кои се вели дека блескаме, во Македонија се чувствува една огромна еколошка катастрофа и за тоа не се преземени никакви мерки од страна на власта. Ние немаме еден километар гасовод од оваа власт или куќа или домаќинства кои се гасифицирани. Значи нас ни треба гасификација и влада која што ќе биде способна и посветена, а не влада која што во мандат ќе потпише договор за 2 километри автопат за кој што не е ни почнат да се гради, истакна Ѓорчев.

Имено пратеникот Ѓорчев во своето гостување го истакна следново:

Во моментот нашите деца не можат да излезат на улица затоа што е премногу загадено, сите се болни поради ова загадување кое што е најголемо во историјата на Република Македониjа.

Тој потенцираше дека Скопје и градовите низ Македонија се рамо до рамо со градови кои што имаат 20 милиони жители, Скопје е позагадено од Калкута во Индија, од Лахоре во Пакистан, од Дака во Бангладеш.

Она што ни треба долгорочно да го решиме овој проблем е да си замине оваа неспособна влада, оваа катастрофална гарнитура и да дојде гарнитура онака како што треба со камен-темелник, со проекти, со рокови ќе направи гасификација низ државата. Сето друго се празни пароли од кои што народот го губи своето здравје, додаде Ѓорчев.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....