Мицкоски: На изборите ќе излеземе со посебна стратегија која ќе опфати борба против иселувањето

Еден од клучните проблеми со кој се соочува земјава е токму иселувањето или јас тоа го викам белиот егзодус што и се случува на Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Магазин.мк.

-Можам да кажам дека како професор на факултет срцето ми се кине кога гледам премногу добри кадри кои си заминуваат од земјава, а во кои ние како професорска фела сме вложиле толку многу да ги остручиме и да ги извадиме на вистинскиот пат. Но од друга страна ниту јас ниту било кој друг немаме право да ги осудиме поради нивниот избор да си заминат до земјава, затоа што тие со своите потенијали се барани на странските пазари, и едноставно државата не прави доволно да ги задржи во своите родни огништа. Скоро и да нема семејство во земјава од кое нема по еден раселен низ Светот. Ќе ве потсетам дека токму оваа власт беше таа која велеше дека ќе го сопре иселувањето, и секако се сеќавате на она редење на чевли пред владата како синоним за раселените лица. Со други зборови за иселувањето СДСМ збореше до моментот додека се всели во владината зграда и веднаш потоа заборави на оваа појава. Дополнително иселувањето не само што запре туку и се зголеми, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека одредени податоци говорат дека за 3 години се иселени над 200 илјади граѓани, тоа се илјадници семејства кои затвориле домови и родни огништа тука низ Македонија.

-Дополнително да не говорам дека пак има и фрапантно лоши податоци за наталитетот во земјава, што посочува на тоа дека Македонија не само што ја губиме како држава, туку и се помалку не има како народ. Токму затоа на овие избори ќе излеземе со посебна стратегија која ќе опфати борба против иселувањето. Мора да си ги задржиме луѓето овде во своите родни огништа, но и воедно да создадеме услови тука сите оние кои се со планови да си заминат или повремено работат во странство, да се вратат и да почнат да градат иднина во Македонија. И тоа не опфаќа само сет мерки во економијата, туку и целосна обнова во образованието, здравството, екологијата, правниот систем, сигурноста која им е потребна на граѓаните. Мора да си ги вратиме нашите чеда во земјава и заедно да трасираме сигурен пат, нагласува Мицкоски.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....